Мицкоски: Cо заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Христијан Мицкоски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ во дебатната емисијата на македонската телевизија посочи дека овие избори се избори во кои што се одлучува за нашата иднината и иднината на нашите деца и дека со заокружување на број 14 ќе се поддржи една поинаква Македонија од оваа која што денеска се случува.

-Јас сакам да се обратам до граѓаните на Македонија. Ова се избори во кои што сите ние одлучуваме за нашата иднина и иднината на нашите деца. Но, истовремено носиме одлука да ги обелиме образите и сето она кое што го направиле нашите предци кои што дел од нив и животот го дале за да можеме ние денеска ова да го живееме. Ова се избори кога одлуката е тешка, не е едноставна, но убеден сум дека со заокружување на реден број 14 сите вие ќе поддржите една поинаква Македонија од оваа која што денеска ни се случува. Ќе излеземе сите заедно од ова политичко мочуриште кое што е обременето со Луј Витон чанти и со трас-трас судски одлуки, политичари кои што го навредуваат сопствениот народ, едно политичко мочуриште полно со срам, понижувања, омаловажувања и криминал. Сигурен сум дека ќе одберете иднина, многу работа, силна економија, реформи во здравството, земјоделието, образованието, еден универзитет во првите 1000, порача лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски додаде дека е сигурен во силата на народот и заедно со народот ќе работи и ќе ја обнови нашата Република Македонија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This