МИЦКОСКИ: Kризата со корона не поминува со пи-ар на Владата, семејствата во црно се завиваат, се губат човечки животи, не може ова да помине без одговорност

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Вечерва претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски гостуваше во емисијата „Клик плус“ на ТВ 21 при што посочи дека власта никако да ја лоцира вината во себе, секогаш ја бара кај опозицијата и кај граѓаните, а тоа не е честито.

„Не сакам дека верувам во тезата дека граѓаните се виновни за ситуацијата. Надележните имаа безусловна поддршка, луѓето им ги дадоа сопствените животи на располагање, први влеговме во кризата, а не сме излегле од кризата. Соседите зборуваат за опоравување. Јас се чувствувам понижено од авторитетите кои ја имаа безрезервната поддшка. Требаа да повикаат помош, а тие се толку самобендисани“, истакна Мицкоски.

Според него има втор пик на првиот бран.

„Не може сега со пи-ар трикови да го обвинуваме народот. Народот безрезервно ги поддржуваше. Но, народот е мудар, те почитува но ако не е како што треба казнува. Што се случи, што направија, семејствата во црно ги завивја, се губат човечки животи, не може ова да помине без одговорност“, појасни Мицкоски.

Тој додаде дека е нелогично и тоа што го прават во ваква ситуација и говорат за избори.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This