April 26, 2024, 11:18 pm

МИЦКОСКИ:Oчекувам в среда да ѝ се изгласа недоверба на Владата

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, изјави дека во текот на денот пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја поднесе иницијативата за изгласување недоверба на Владата до Собранието. „Oчекувам в среда на крајот на денот да ѝ биде изгласана недоверба на Владата, за да можеме да видиме како понатаму ќе ја развиваме Република Македонија, да организираме предвремени парламентарни избори“, рече Мицкоски по утринската воскресна литургија во Соборниот храм „Св. Климент Охридски“.

Мицкоски изјави дека очекува по средбата на шефовите на дипломатиите на Македонија и Грција, да биде оргазнизирана лидерска средба за прашањето за името. „Долго време не сме се виделе“, рече Мицкоски. „Гледаме нов оптимизам за името, па да видиме на што се темели таквиот оптимизам“, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.Тој им го честиташе Христовото воскресение, Велигден на православниците верници.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This