МИЦКСОКИ: Светите Кирил и Методиј веруваа дека секој народ заслужува свој јазик

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, од негово име, но и од името на партијата, го честита државниот празник – Денот на сесловенските просветители, браќата Свети Кирил и Методиј.

– На овој ден се потсетуваме на големите на се сесловенските просветители кои на идните генерации им го подарија најголемото богатство, писменоста. Светите браќа овозможија рамноправност на милиони луѓе, а со тоа го трасираа и патот за ширење на христијанството и христијанските вредности. Ликот и делот на Свети Кирил и Методиј е и дел од македонскиот идентитет, јазик, историја и култура. – стои во честитката на Мицкоски.

Тој потсети дека светите браќа имаа визија и знаење и веруваа дека секој нерод заслужува свој јазик.

– Светите Кирил и Методиј имаа визија, знаење и постојаност. Ние денес се соочуваме со тешко секојдневие, предизвици и не помали искушенија. Но сепак ова е реалност која мораме да ја промениме, а тоа ќе биде со визија, знаење и мудрост. Македонија е земја со свои корени, историја, но и земја на која мораме да ја обезбедиме заедничката иднина на сите. Тие веруваа дека секој народ заслужува свој јазик па така го подарија најголемиот подарок кој човек може да го добие писменоста, знаењето е единственото нешто кој никој не може да го земе или да го оспори. Нека ни е честит овој голем празник Денот и Големото дело на светите Кирил и Методиј. – стои во честитката од Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This