Мицкocки ги фpли paкавиците: Paшковски тpeба да оди во затвop – се cpамам што ми е колега од унивepзитетот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната изјава за медиумите беше запрашан дали е задоволен од оставката на поранешниот Генерален секретар на Владата, Драги Рашковски кој поради многуте скандали се повлече од работното место во Владата на Република Македонија.

Мицкоски истакна дека не е задоволен од оставката на Рашковски бидејќи оставка треба да даде целата Влада на чело со Зоран Заев, а Рашковски треба да оди во затвор за сторениот криминал, додавајќи оти се срами што предава на истиот универзитет со овој човек.

-Оставка треба да поднесе цела криминална Влада, Рашковски треба одамна да биде таму каде што припаѓа, а тоа е во затвор. Не може службеник со плата од неколку 100-тици евра да поседува или да гради хациенди од по илјадници метри квадратни, да летува или дезертира во ек на пандемија во Мексико и да ни кажува дека биле евтини аранжманите, да се вози со нов џип од 80 илјади евра ако е негов. Ако сето ова се потврди како точно ова е уште еден срам и блам на оваа Влада бидејќи лицето кое до вчера беше еден од најблиските соработници на Зоран Заев можете да замислите што прави тој ако овој вака неколку кратно го зголемил своето богатство. Кој знае што се случува со овие другиве. Се срамам што вакви луѓе се дел од универзитетот каде јас предавам. вели Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This