Мицкocки пpиcтигнa на Вoднo – Зaпoчнa cpeдбaтa со Пендаровски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски влезе во Вилата Водно, каде ќе одржи средба со претседателот на Република Македонија, Стево Пендаровски. Пред нешто повеќе од еден час Мицкоски на прес-конференција го изрази ставот на ВМРО-ДПМНЕ, по однос на доделувањето на мандатот на Зоран Заев, според опозицијата ваквото делување на Пендаровски е спротивно на уставот.

Тој истакна дека мандатот на Зоран Заев му е доделен без никаков доказ или уверение дека поседува 61 пратеник, мнозинство во Република Македонија. Тој во неколку наврати посочи на фактот што претседателот Пендаровски предходно најавуваше средба со лидерите на сите политички партии пред да го додели мандатот со намера да се осигура дека оној кој што ќе го добие мандатот го поседува потребното мнозинство.

На средбата на Водно, Мицкоски го придржуваше целата пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, а на состанокот помеѓу Мицкоски и Пендаровски едниствено ќе присуствува пратеничката Гордана Сиљановска-Давкова.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This