April 20, 2024, 10:26 am

Мицкocки: Coнувам да ја испpaвам непpaвдата од Пpecпaнcкиот договop

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никој не може да ми забрани да сонувам да ја отстранам неправдата нанесена со Договорот од Преспа, рече лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ на Алсат.

-Која беше цената што ја плати секој еден граѓанин на Македонија со овој договор? Беше ветувано бесплатно здравство, образование во Европа, членство во ЕУ… Каде сме сега? Тој договор ја отвори Пандорината кутија за некои други наши соседи да бараат дополнителни отстапки од овој народ… Дали имаме европска перспектива? Немаме. Дали сме блокирани? Блокирани сме. Никој мене не може да ми забрани да сонувам еден ден оваа неправда да ја отстранам. Исто како што е нанесена, така да ја исправам. Кога ќе имам можност… – рече Мицкоски.

Според него, ВМРО-ДПМНЕ ќе освои најмногу гласови на изборите в недела.

-Верувајте ми дека ќе победи и тоа го покажуваат и бројките и буквално состојбата, емоцијата, расположението на луѓето на терен, тука да немаме дилема. На овие избори се носи одлуката како понатаму со Македонија, дали ќе им дадеме уште четири години апсолутна власт,или пак ова ќе биде првиот чекор кон целосна промена во општеството и една нова енергија и нова сила, нови луѓе што знаат како и кои сакаат да создадат една нова иднина – порача тој.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This