МИЦОТАКИС ВО РАКАВ ИМА УШТЕ ЕДЕН МАНДАТ: Грците задоволни од работата на новата Влада

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грците позитивно ги оценуваат активностите и работата на Владата во првите два месеца од доаѓањето на власт, покажуваат резултатите од истражувањето на јавното мислење објавено во месечниот барометар на „Opinion poll“, jави дописничката на МИА од Атина. Според резултатите, по изборите 53,27 отсто од анкетираните се повеќе оптимисти за текот на земјата, 21,63 проценти се повеќе песимисти, а 24,48 отсто се со непроменето мислење, односно ниту оптимисти, ниту песимисти. Вкупно 55,14 отсто од анкетираните Грци се многу задоволни (20,61 процент) или многу задоволни (34,53 отсто) од начинот на кој Владата се справи со проблемите во изминатите два месеца колку што е на власт. Резултатите од истражувањето покажуваат дека 45,53 отсто од испитаниците не се воопшто задоволни од начинот на кој СИРИЗА води опозициска политика.

Агенцијата за истражување на јавното мислење на испитаниците им поставува прашања поврзани со конкретните работи што ги презеде новата грчка Влада како што се укинувањето на студентскиот имунитет, справувањето со пожарите во текот на летото, намалувањето на специјалниот данок на сопственост на недвижен имот, полициските акции за чистење на објектите под опсада, вклучување технократи во владиниот состав. Мнозинството од анкетираните, овие активности ги оценуваат како позитивни. На прашањето кој од министрите досега покажал најголема активност и ефективност, според резултатите, прв е министерот за цивилна заштита Михалис Хрисохоидис, со 34 отсто, втор е министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис (21,5 отсто), а трет шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас со 16,5 отсто. Половина од испитаниците (50,56 отсто) сметаат дека актуелниот претседател на грчката Влада, Кирјакос Мицотакис е поспособен за премиер, во споредба со претходниот, Алексис Ципрас кој добива само 20,75 отсто, а 22,65 проценти одговориле ниту еден од двајцата предложени. На прашањето: „Доколку в недела би се одржале избори за кого би гласале?“, партијата што моментално е на власт, Нова демократија води со 40,9 проценти, а зад неа се СИРИЗА, Движење на промена, Комунистичката партија, Грчко решение, МЕРА25. Истражувањето било спроведено од 2 до 4 септември, преку телефонски анкети во кои биле вклучени 1.102 домаќинства.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This