МИЦОТАКИС НЕ НИ САКА ДА СЕ СРЕТНЕ СО ЗАЕВ: Се зakaни дека ќе биде стpoг во однос на спроведувањето на договорот од Преспа

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не е предвидена средба со господинот Заев, но очигледно е дека во некој момент ќе се сретнам со него, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис, одговарајќи на новинарско прашање за време на денешната прес конференција во рамките на Меѓународниот саем во Солун – објави “Pressingtv.mk”.

Едно од прашањата упатени до претседателот на владата на Грција, се однесуваше на Договорот од Преспа, а Мицотакис освен што го повтори ставот на Нова демократија и додека беше опозиција, дека е „национално штетен договор“, рече дека истото го кажал и за време на сите негови меѓународни средби, но и додавајќи дека „овој договор е ратификуван договор од грчкиот Парламент, а според тоа не се менува произволно“ и најави строга контрола на процесот на спроведување.

-Реков дека ако договорот се изгласа и ратификува, тогаш многу многу тешко може да се смени. Самиот договор не предвидува процеси на промени, туку само контрола на спроведувањето. Бидете апсолутно сигурни дека ќе бидеме многу строги во однос на спроведувањето на договорот, кој го сметаме за лош, но го најдовме пред нас, го наследивме, рече Мицотакис одговарајќи на новинарското прашање.

Целата статија прочитајте ја ТУКА

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This