March 29, 2024, 12:59 pm

МИЦОТАКИС ОСТАР:Нема соработка со СИРИЗА по изборите

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на најголемата грчка опозициска партија Нова демократија, Киријакос Мицотакис изјави дека нема намера да соработува ниту со владејачката левичарска партија СИРИЗА, ниту со ултрадесничарските партии по парламентарните избори закажани за 7 јули, пренесува агенцијата АНА-МПА.

Во интервју за телевизијата АНТ1, Мицотакис рече дека не размислува за тоа каде ќе бидат премиерот Александар Ципрас и неговата СИРИЗА ден по парламентарните избори, туку дека „неговата грижа е да добие што повеќе мандати“.

Тој најави дека нема да организира големи партиски собири за време на предизборната кампања за парламентарните избори, туку дека ќе води отворени дискусии.

– Морам да стапам во контакт со луѓето и младите, рече Мицотакис, истакнувајќи дека Нова демократија е фаворит меѓу гласачите од 17 до 24 години.

Мицотакис исто така изрази желба крајно десничарската партија Златна зора да не влезе во Парламентот и нагласи дека не постои можност за соработка со владејачката СИРИЗА по парламентарните избори.

Опозициската Нова демократија освои убедлива победа на минатонеделните локални избори во Грција, како и на изборите за европскиот Парламент, освојувајќи речиси десет отсто повеќе од гласовите за СИРИЗА.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This