April 20, 2024, 12:13 am

Мицотакис пpедупредува: За жaл, најлошото допрва доаѓа, ноќта пред нас е зakaнувачка

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис во синоќешното обраќање до нацијата предупреди дека службите за итни случаи се соочуваат со тешка ноќ, бидејќи пожарите северно од Атина оживеаја, а западните ветрови се засилуваат.

„За жал, најлошото допрва доаѓа, а ноќта пред нас изгледа заканувачка“, рече Мицотакис.

АП јави дека едно лице загинало во пожарот во Атина. Илјадници луѓе денеска ги напуштиле своите домови во предградието на Атина, а стотици се евакуирани со чамци од блискиот остров Евија, четврти ден од борбата против катастрофалниот шумски пожар.

Силниот ветер уште повеќе го разгоре шумскиот пожар северно од грчката престолнина, кој се заканува и на инсталацијата која е клучна за снабдување со електрична енергија на Атина.

Во јужна Европа, а пожарникарите и спасувачките екипи се борат со огнените сихии што зафатија многу земји во областа. Најлошите пожари сепак се во Грција и Турција, но не помалку опасни се и пожарите во Македонија и Албанија, и во другите балканси и медитерански земји.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This