МИЦОТАКИС СПРЕМА ВЕТО ЗА МАКЕДОНИЈА: Северна Македонија не може во ЕУ ако се прашуваат Грците!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролката на Европската комисија, Маја Кочијанчиќ, немаше коментар на прашањето за изјавите на лидерот на Грчката опозиција Киријакос Мицотакис дека постои можност Грција да стави вето за влез на Македонија во Европската Унија, пренесува МИА.

 

 

На прашањето дали Грција ќе ја задржи контролата во процесот на влезот на Македонија во ЕУ, потпаролката потсети дека патот на земјата кон членство во ЕУ е јасен.

„Перспективата на Европската Унија е јасна, знаете дека Советот минатата година постави јасни цели за отварање на пристапни преговори во јуни 2019 година, и веруваме, со оглед на актуелните настани, дека напорите во таа насока ќе се интензивираат, но ќе треба да се работи многу и на реформите. Сепак, нашата цел е јасна“, изјави Кочијанчиќ.

По ратификацијата на Преспанскиот договор во Грција минатиот петок, се очекува Македонија да добие „зелено светло“ за почеток на преговорите со Европската Унија во јуни годинава, но само доколку се исполнат уште три услови: реформи во јавната администрација, во правосудството и тајните служби.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This