МИЦСКОСКИ СО ЧЕСТИТКА ЗА НЕТАНЈАХУ: Нашите две билиблиски земји под вашето континурано лидерство ќе останат блиски сојузници!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски му ја честиташе победата на премиерот Бенјамин Нетанјаху и во неа меѓу другото, истакна дека Израел е клучен партнер на Македонија во повеќе области.

Почитуван Премиер,

Дозволете ми да ви ја честитам победата на последните избори во Израел. Искрено Ви посакувам успех и Ви испраќам најдобри желби за просперитет во извршувањето на важните должности за време на вашиот петти мандат како израелски премиер.

Довербата што ја имаат граѓаните во вас ја покажуваат високата оценка за вашите напори за одржувањето на просперитетот и благосостојбата на Израел.

Израел е клучен партнер на Македонија во многу области, и јас верувам дека нашите две библиски земји под вашето континуирана лидерство ќе останат блиски сојузници кои се длабоко посветени на заедничкото работење за нашиот заеднички интерес.

Вашиот успех како претседател на партијата Ликуд и како премиер на Израел е пример за економски развој. Се надевам дека и двете наши држави ќе продолжат да ги продлабочуваат врските и пријателството помеѓу нашите народи.

Господине Премиер, прифатете ги моите најдобри желби и афирмација на нашите интереси за продлабочување на заедничкото пријателство – се наведува во честитката на Мицкоски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This