Мицkockи најави „голем пpecврт и новитет“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најавува дека на 16-ти јуни во Охрид, по повод роденденот на опозициската партија, ќе соопштат, како што вели, голем пресврт и новитет.

-Што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО ќе се проектира наредниот период и каква сила ќе бидеме ќе видите многу скоро, почекајте, 16-ти јуни е датумот. 16-ти јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележувањето на формирањето на нашата партија, од Охрид ќе го соопштиме новитетот. На посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ на вистинските патеки, а запаметете 16-ти јуни е она што сите го очекуваат. Бидете стрпливи – рече Мицкоски.
– Advertisements –

Тој ваква најава даде во Битола, каде синоќа роденден прославуваше партиската Унија на млади сили. Како што истакна Мицкоски, УМС е„чуварот и моторот на ВМРО-ДПМНЕ цели 30 години“.

-30 години расадник на кадри, двигател и енергија на промените, авангарда која трае, иднината на нашата партија, но поважно – иднината на нашата земја. И затоа и за мене, но и за секој еден член УМС е повеќе од тело во партијата, туку тоа е емоција, спомени, дружби, арчење за идеја… Први на барикадите, протестите, први во судирот со мафијата! Први во бунтот за нашата Македонија – рече лидерот на ДПМНЕ.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This