МИЧУРИН ЌЕ БЛЕСНЕ ВО НОВ СЈАЈ: Ивица Коневски најави продолжување на проектот за промена на сите фасади во населбата Мичурин!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најстарата населба во општина Аеродром ќе блесне во нов лик, најави денес градоначалникот на општина Аеродром и кандидат за следен мандат Ивица Конески, додавајќи дека сите фасади во населбата ќе бидат променети, проект кој бил започнат уште минатат година

 

 

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]МИЧУРИН ЌЕ БЛЕСНЕ СО НОВИ ФАСАДИ
Почитувани граѓани,
на вториот ден од кампањата денеска во Мичурин ги најавив проектите во мојата четиригодишна програма за најстарата населба во Општина Аеродром.
Еден од покрупните проекти е продолжување на проектот за промена на дотраените и оштетени фасади, кој го почнавме минатата година и која планираме да го продолжиме сè додека не се променат фасадите на сите оштетени згради во Мичурин.
Како и досега и во претстојниот период ќе останеме фокусирани на подобрување на условите за образование, така што ќе ги реконструираме санитариите во ОУ Блаже Конески, фудбалското и кошаркарското игралиште во ова училиште, а пред влезот ќе поставиме хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација за поголема безбедност на децата.
Исто така, хортикултурно ќе го уредиме паркот во кој се наоѓаме сега со автоматски систем за полевање и летниковци, а ќе насадиме и трева, ќе го оградиме кошаркарското игралиште и ќе поставиме клупи и корпи за отпадоци.
Во однос на инфраструктурата предвидени се нови пешачки патеки од бекатон плочки, реконструкција на сите оштетени улици, изградба на нови паркиралишта и тротоари, како и поставување на нови линии за јавно осветлување.
Со почит,
Ивица Коневски
26.9.2017 – пишува Коневски на својата официјалнаФБ страница[/kopa_block_quote]

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This