МИШО КОВАЧ ПЕЕШЕ ВО СКОПЈЕ: Се случи и една свршувачка!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Со еден од своите најголеми екс-ју хитови, испеан уште одамна на еден од “Сплитските фестивали”, песната попозната како “На твојој руци прстен” (инаку, во оригиналот е “Ќе проплаче зората”)

Мишо Ковач со душа и срце лесно ја освои својата верна скопска публика која во голем број дојде да ужива со него во една навистина фантастична, но и југоносталгична зимска вечер. И публиката и Мишо функционираа одлично. Од првата до последната песна, пеејќи ги во глас сите негови песни. Беше сосема доволно Мишо само да ги крене рацете во воздух и рефренот на било која песна да се разлее низ Арената “Борис Трајковски”. Многу од тие песни предизвикаа и солзи, многу сеќавања на едно убаво време, на една младост….и, кога запеа и: “Ти си пјесма моје душе”, “Само један дан живота”, “Стари доме”, “Далмација у мом оку”, “Други јој љуби косу”… публиката како во некој делириум му возвраќаше со огромно количество на емоции. Но, кога ја запеа песната “Најљепше су очи моје мајке” за која и самиот кажа дека му е најмила песна во кариерата, присутните не го пуштаа да си замине од сцената.

Некаде при крај на концертот се случи еден прекрасен настан. Момчето Виктор од Скопје пред сите присутни во Арената, и со рефренот на судбоносната песна “На твојој руци прстен…у твоме оку сузе”, за своја жена со венчална бурма ја побара Кристина со која е, во среќна врска веќе четири години.

Виктор и Кристина се од помладата генерација, но си се пронајдоа во мелодиите на Мишо и се засакаа, се заколнаа на вечната љубов. Нека им е со среќа, и нека ги следат песните на нивниот миленик Мишо, тие им се дел од нивната љубовна приказна!
Концертот заврши, како што добро забележавме со солзи во очите на Мишо. Тој и порача на воодушевената публика, дека пак ќе дојде и пак ќе им ја отпее и нему најсаканата македонска народна песна “Аде, слушај, слушај калеш бре, Анѓо”…..пишува вечер.пресс.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This