МИЈАЛКОВ НЕДОСТАСУВА НА БИХАЌКА: Празни им се соопштенијата за прислушкувањето, без името на Мијалков!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еден во низата скандали со прислукување беше обелоденет вчера и тоа ни помалку ни повеќе туку целокупното обвинителство. Неколку часа подоцна истрага потврди дека и судиите исто така биле на мета на нечие уво.

Фото/Фокус

Кога ќе се спомне прислушкување и СДСМ, веднаш се потсетуваме на дамнешната афера „Големо уво“ кога тогашниот претседател на СДСМ и премиер на Република Македонија, Бранко Црвенковски предаде кутии од снимани разговори, а тогаш, речиси пред 20тина години и немаше баш некоја волја да се дојде до разрешница и да се дознае иницијаторот и нарачателот, па така тие кутии останаа во архивите на судот и обивнителството да собираат прашина.

Во 2016 Зоран Заев повторно актуелизираше нова афера со прислушувани разговори, па храбро отиде во кабинетот на тогашниот премиер Никола Груевски, да му каже дека поседува снимени разговори од него и речиси целокупната политичка јавност, а богами и бизнис фелата во земјава.

Никогаш никој не дозна од каде и кој снимал разговори и прислушкувал. Иако основната причина за оформување на СЈО беше токму таа, да се осознае кој и зошто прислушувал, а дури потоа за содржината на разговорите.

Изјавите на Заев се менуваа како и годишните времиња. Странски служби од горе, од доле, од потака, па се до жолти комбиња за да на крај повторно ниту јавноста ниту институциите не дознаа кој и зошто прислушкувал.

Интересн развој на настаните се случи кога Грујоски и Бошковски(лица вработени во УБК) признаа пред органите на прогонот дека тие прислушувале и дека Верушевски им понудил пари за да редовно ги уснимуваат и да му ги предаваат разговорите нему, а тој на Заев, а овој пак преку смс пораки го храбреше дека така требало, чадорот бил задоволен и ќе ги штител.

Овие два лика, Грујоски и Бошкоски успеаа да куртулат од затвор, затоа што успеаа да пребегаат во Грција, а откако претседателот на РМ, Ѓорге Иванов ја изрече „масовната аболиција“, Грција ја почитуваше одлуката и иако ги имаше во притвор не ги екстрадира ниту врати на македонските власти за да им биде судено. Фамата за овие двајца траеше едвај два дена.

За разлика од тогаш, слична ситуација беше и со азилот на екс премиерот Груевски кој пак, прписно успеа да добие азил од друга членка на Европската Унија. Факт во оваа ситуација е што за Груевски немаше никаква потерница, ниту домашна ниту меѓународна, што и му овозможи на Груевски непречено да ја напушти државата и да патува. Фамата за азилот на Груевски трае веќе десеттина дена.

Најновиот скандал за преслушување на обвинителството и судството фрла уште една голема дамка на македонската безбедност и институциите. Но синхронизирањето со актуелната политичка ситуација и збиднувања фрла уште поголема дамка и сомнеж.

Кога „рушеа режим“ тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков беше главното име кое се споменуваше како иницијатор и нарачател. Ја охрабруваа јавност да го кажува неговото име, како и името на Никола Груевски.

Благодарение на развојот на настаните особено на политичката сцена, името на Мијалков повторно е ставено на цензура, затоа што сега, токму тој му помогна на Заев да го обезбеди двеотретинското мнозинство во Собрението за да се исполни и спроведе агендата на чадорот, отродувајки седум пратеници од ВМРО-ДПМНЕ кој гласаа за уставни измени, за да се спасат себе од обвиненија и прогон, што од настаните на 27 април или како дел од прислушуваните разговори за кои СЈО води предмети и има покренато обвиненија, а во тек се и судските процеси.

Најсмешната изјава и класишен пример на политикантство доаѓа повторно од СДСМ. На денешната прес конференција тие го посочуваат новиот лидер на ВМРО-ДПМНЕ за одоговорен за прислушкувањето, а воедно и партијата.

Мицковски бил близок или десна рака на Груевски, а ВМРО било виновно за најголемиот скандал со преслушување во Европа. Нормално, не постои ни тронка одговорност кај некој минисер од актуелната влада или функционер на СДСМ, ДУИ да не ги спомнуваме, тие како да се заштитени од УНЕСКО како национално богатство во земјава.

На бледото соопштение од СДСМ во кое во недостиг на имиња, мораа да го споменат и Мицкоски (бидејќи Мијалков како коалиционен партнер не смеат), одговори лидерот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Колку очигледно фали Мијалков во соопштенијата на СДСМ за прислушкувањето на ЈО. А каде се Грујоски и Бошковски, колку очигледно фали тука крикот на Димитров за нивна екстрадиција од Грција. Ах, Устав ли е, принцип ли е, Вице ли е?“ – напиша Мицкоски на Твитер.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This