April 25, 2024, 10:11 pm

МИЈАЛКОВ НУДИ ИМОТ ВРЕДЕН 1 МИЛИОН ЕВРА: Екс-шефот на УБК нуди гаранција од 1 милион евра за излегување од „Шутка“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Понуда вредна милион евра за да се отворат портите на Шутка за поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е во рацете на судијката за претходна постапка. За да излезе од притвор Мијалков понудил гаранција составена од три недвижни имоти, проценети на вкупно 1.092.000 евра дознава Телма од судски извори.

Од одбраната потврдија дека понудиле гаранции дека нема да бега, но не откриваат ниту каков имот се заложува, ниту дали е само во сопственост на Мијалков, или и на роднини и пријатели како што често знаат да понудат обвинетите во замена за слобода. Одлуката се очекува наредните денови.

Мијалков е во Шутка од 20-ти ноември. Првиот притвор му беше определен за предметот за прислушувањето „Таргет Тврдина“ каде СЈО како доказ дека ќе избега нудеше допис од Агенцијата за финансиско разузнавање дека поседува 11 милиони евра, но на туѓи сметки. Ова одбраната го негираше и обвини за незаконски притвор. По десетина дена СЈО побара да се укине тој притвор и побара нов, за истрагата за „Империја“. Мијалков се жалеше и за овој притвор но Кривичниот совет го одби. Единствено од решението ја тргна опасноста дека ќе влијае на сведоци и да остане опасноста од бегство. Сега судот повторно треба да пресече дали ексдиректорот на УБК новогодишната ноќ ке ја мине во Шутка.

Пред неколку дена и бизнисменот Орце Камчев, исто така осомничен во „Империја“, доби ново решение од Кривичниот суд со кое му се продолжи престојот во Шутка за нови 30 дена.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This