МИЈАЛКОВ ОД ШУТКА НЕ БЕШЕ СПРОВЕДЕН ВО СУД: Неговиот адвокат најави жалба за прит ворот

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Судското рочиште за случајот „Тврдина-Таргет” на СЈО е одложено за 4 декември бидејќи овбви нетиот Сашо Мијалков утрово не беше спроведен од истражниот зат вор Шутка.

Во овој случај за масовното прислушување во кој еден од обвинетите е и Сашо Мијалков. Тој од вчера е во 30 дневен притвор во затворот во Шутка. Неговот притвор е одреден токму за овој предмет, а причината е опасноста од бегство. Решението за притвор е донесено по барање од обвинителите на СЈО.

Судењето во Кривичниот суд Скопје го води судијката за организиран криминал и корупција Џенета Бегтовиќ.

„Според објаснувањето на Судот, тој вчера бил однесен во Шутка во 19.55 часот и поради кусиот временски период Судот не успеал да достави барање со кое Мијалков би бил донесен да му се суди“, информираа од Судут.

Поранешниот директор на УБК синоќа беше спроведен од хотелот „Мериот“ во центарот на Скопје во затворот во Шутка, а неговите адвокати најавија дека ќе го искористат правото на жалба. Посочија дека неговото приведување е незаконско и најавија жалби до Апелацискиот суд.

Адвокатот на Мијалков, Антонио Апостолски, вели дека според Законот за кривична постапка, лицето на кое му се одредува притвор прво треба да даде исказ во судот, а потоа да му биде определен притвор.

„Денес го примивме решението, во текот на денешниот ден ќе поднесеме жалба. Законот за кривична постапка наведува дека секое лице мора да биде повикано и сослушано и после неговата изјава да биде донесено решение за притвор“, изјави Апостолски.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This