April 25, 2024, 11:33 am

МИ СЕ СПРЕМАШЕ ЛИKBИДAЦИJA ЗАТОА СИ ЗАМИНАВ: Бев спремен да влезам во затвopот иако знаев дека е неправично!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Никола Груевски во своето интервју за Инфомакс децидно ги отфрли шпекулациите во медиумите дека во неговото бегство помогнале тајните служби. Тој забележа дека иако бил свесен за прогонот бил спремен да влезе во зaтвop се додека  не добил информации дека се припрема негова можна лиkвидaциja.

Бев некако одлучен да влезам во затвopот иако знаев дека е неправично, иако знаев дека е незakoнски, иако знаев дека е тоа што е, сепак бев со таа намера. Се додека последните денови не почнаа да ми доаѓаат информации кои што беа многу загрижувачки и кој што водеа кон моја можна лиkвидaциja во наредниот период. Информациите ми беа од сигурни информирани луѓе кои се добро информирани за состојбите во зaтвopoт.

Во разговор со адвокат на кој му ги пренел добиените информации за што му се спрема, тој му одговорил дека внатре во зaтвopoт можат да му помогнат само зaтвopeниците и никој од надвор, требало да се приклучи на некоја од групациите одвнатре за да биде заштитен, а тој однапред знаел дека некој плански го очекува и по одреден период планира да го лиkвидиpa.

 

Во однос на тоа како ја напуштил земјата тој забележа дека си заминал многу лесно, додавајќи дека никој од власта не му помогнал да замине, туку напротив ако би можеле уште повече би му наштетиле. Груевски вели дека неговото бегство е доказ дека безбедносниот систем во овие две и половина години е сериозно ослабен.

 

Груевски потенцираше дека ниту ВМРО-ДПМНЕ ниту Христијан Мицкоски не му помогнале да замине од Македонија, како и дека исклучително внимавал да не вмеша во неговото бегство некој од обезбедувањето, негови блиски роднини и пријатели кои подоцна би биле мета на власта.

 

За парите од банка тој истакна дека ги извадил бидејќи планирал да замине во затвop, а таму не може да користи картичка.

-Парите ги извадив за да преживувам со нив.

 

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

 

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This