Ми фалиш во најсреќните денови од мојот живот: Тамара емотивно се сети на Влатко

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во најважните денови од нејзиниот живот, само неколку дена откако го роди синот Дарен, Тамара Тодевска се присети на својот школски другар Влатко Илиевски. Тамара во емотивен статус раскажа колку ѝ недоставува Влатче во деновите на нејзината најголема радост.

„ Фалиш друже. Во овие најсреќни денови од мојот живот, фалиш да го споделам тоа со тебе. Секој ден. СЕКОЈ ДЕН помислувам на тебе, не можеш да не ми пројдеш низ главата. Многу те сакав и секогаш ќе постоиш во моето срце, длабоко врежан. Мојот сакан Влатче. Мојот најсакан другар, брат, колега. Слава ти“, сподели Тамара.
„ Ми текнува на овој дел од концертот, кога се појавија „Морал“ и кога Влатче беше највеќе свој додека пееше со нив“, додаде Тамара споделувајќи ја песната “Ти ме убиваш“ од “Морал“. Влатко со неговиот бенд ја испеа на неговиот прв голем концерт во 2009 година во Арената „Борис Трајковски“. Влатко е првиот македонски пејач кој ја наполни нашата најголема спортска сала. Тамара, Дани Димитровска, Ристо Самарџиев и Владимир Дојчиновски беа дел од гостите на истиот концерт, кој помина во голема еуфорија.

„ Колку плачев од среќа зошто знаев дека во тој момент бесе најсреќен на светот. Ова беше музика која највеќе му лежеше и највеќе му стоеше. Ваков го запознав, ваков и ќе го запамтам. Покрај тоа што беше уметник и уникатен, беше другар за пример, полн со љубов, емоција, емпатија. Многу ми фали да ме насмее, да ме извади од такт, да ме расплаче“, раскажа Тамара.

Влатко и Тамара го поминаа средното музичко улилиште заедно, тој беше нејзиниот матурски партнер. Му ја посветио баладата „Сино“, носечката песна на нејзиниот прв албум, но и песната “Најверни пријатели“. Приказната за нивното другарство подоцна ја раскажа и Игор Џамбазов во текстот за песната “Гушни ме“, дуетот кој го снимија Тамара и Влатко.
Извор:Женски магазин

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This