Ми фали дебатата за Скопје 2014: Времето кога разговаравме за што се изградило, а не за неостварени ветувања

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

И додека три години и се смеевме на Владата и на Заев за сите гафови, лапсузи, грешки, пранкери и останати глупости не можам, а да го занемарам чувството дека во Македонија нешто недостасува. Можам да си земам за слобода и да кажам слободно дека три години ја нема Македонија, а народот кој што живее на оваа „територија“ нема држава гледајќи од административна перспектива. Поточно со Македонија никој не администрира.

Зошто? Па ние се занимававме со двојазичност, име, презиме, Бугари, Срби, Грци и Албанци, а во ниту еден момент со самите себе. За 3 години никој не се позанимава со нашава државичка, никој не се потруди да направи нешто повеќе, па ни помалку. Што ќе запаметите како крупен проект од изминативе години владеење на СДСМ? Лубриканти и кондоми? Државата и Владата можеме слободно да ја прогласиме за „умрено“.

Пред повеќе од 3 години јавноста беше шокирана, за прв во Македонија се дебатираше за реализираната програма на една Влада, дали чинела или нечинела, дали било барок или рококо, дали авопатот бил крив или прав, имало доволно или немало доволно приклучоци. Се отварале фабрики ама биле странски инвестиции па тоа било неоколонијализам, робовладетелство „АМА ЕЈ“ во Македонија се отварале фабрики!

Каде е сега тоа време? Што се отвори или направи изминативе 3 години?

Да останатите 20 од 30 години минус последното владеење на ВМРО-ДПМНЕ, уста им фати пена и на граѓаните и на опозицијата која и да таа била за неостварените ветувања, за влошувањето на стандардот на граѓаните, зголемувањето на невработеноста, војни, глупости, ама Груевски не чинел…

И се некако ме потсеќа на онаа анегдота или виц наполитичарите и мостот…

Се фалат градоначалниците од ЊуЈорк, Москва и од Скопје, кој колку успеал да украде.

Прв градоналалникот од ЊуЈорк ги носи на мостот ГолденГејт и му вели: Го гледате мостов?

Го гледаме велат.

Има 200 столба,а требаше да има 210; Значи 500.000е ги ставив в џеб.

Втор Градоначалникот на Москва ги носи на мост на река Москва и му вели: Го гледате мостон?

Го гледаме велат.

Широк е 10м а требаше да биде 12м,

Значи 700.000е в џеб.

И трет македонскиот градоначаник ги носи во Скопје – и им вели: Го гледате мостов?

Овие двајца зачудени велат: Абе нема мост !!!

Е требаше да има, значи 1.000.000е во џеб.

За крај ми фали дебатата за Скопје 2014-та…

Пишува: Милош Милошевски

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This