Ми3еpно: Момче се шегува со вработени во бp3а помош за „популарност“ на Тик-ток

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ова е само една од невкусните шеги на сметка на службата за Итна медицинска помош кои додека траат можат да чинат човечки животи.

Снимката, на која се гледа како младо момче се јавува на 194 и се шегува како да го згрешил бројот, а сака да добие протипожарна, првично е објавена на социјалната мрежа „ТИК ТОК“.

Од службата за Брза помош велат дека ова не е ниту близу до бизарните повици што речиси секојдневно ги добиваат. Скопјани на 194 се јавуваат и ако нема струја за да дознаат каде да се обратат, а почесто се лаже оти имало сообраќајка.

-Пример се јавуваат ако не си го знаат бројот бидејќи им е нов, за да прашаат која аптека работи, вели Маргарета Атанасовска – Трипуновска – Итна медицинска помош.

Разрешница за ваквите случаи кои од Итната служба постојано ги пријавуваат нема, ниту пак начин како да се лажните повици да се спречат.

Грешките на младите кои ги гледаме на социјалните медиуми, се грешки на целото општество, вели Бојан Кордалов, специјалист за јавност и нови медиуми. Социјалните мрежи нудат многу предности, но начинот на однесување се пресликува од комуникацијата која ја имаме со физичко присуство.

Ова не е единственото видео кое предизвика лавина реакции и осуди. Пред повеќе од месец, на социјалната мрежа „Тик-Ток“ се појави видео на кое се гледа како младо момче со запалка пали дрвата и растенијата и ги гледа како горат. Овој случај беше расчистен, а момчето доби кривина пријава..

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This