Млада Американка добила нови бели дробови откако коронавирусот ѝ ги распарчил нејзините

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Хирурзи во Чикаго ѝ пресадиле нови бели дробови на млада жена чии бели дробови биле многу оштетени од коронавирусот.

Операцијата била направена минатиот петок во болницата „Нортвестерн медисин“. Само неколку други луѓе што го преживеале Ковид-19, во Кина и во Европа, добиле нови бели дробови. Пациентката од Чикаго е во 20-тите години од животот и била на респиратор и машина за срце и бели дробови речиси два месеца пред операцијата.

Операцијата траела 10 часа и била предизвикувачка бидејќи вирусот ѝ ги оставил белите дробови со дупки и речиси споени со градниот кош, истакнал лекарот Анкит Барат, кој ја извршил операцијата.

Пациентката останала на респиратор додека нејзиното тело закрепнува, но се чувствува доволно добро за да разговара со родителите преку видеоповик и лекарите велат дека нејзините шанси за нормален живот се добри.

– Очекуваме целосно да закрепне – вели доктор Раде Томиќ, директор на програмата за трансплантација на бели дробови во болницата.

Идентитетот на пациентката остана непознат за јавноста, но Барат истакна дека неодамна се преселила во Чикаго од Северна Каролина за да биде со нејзиното момче. Инаку, била прилично здрава, но нејзината состојба брзо се влошила откако била хоспитализирана кон крајот на април. Лекарите чекале шест недели нејзиното тело да се исчисти од вирусот пред да почнат да размислуваат за трансплантација.

Од речиси 40.000 трансплантирани органи во САД минатата година, бели дробови биле само 7 отсто. Тие се наоѓаат тешко и пациентите често со недели чекаат на листите.

Пациентката од Чикаго била во лоша форма, со знаци дека почнуваат да ѝ откажуваат срцето, бубрезите и црниот дроб, па брзо стасала на ред, истакна Барат.

Тука можете да ги погледнете фотографиите од лекарите, но и фотографија од извадените бели дробови. Предупредуваме дека содржината е вознемирувачка.

Извор: Time
Насловна фотографија: Northwestern Medicine

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This