April 19, 2024, 11:35 am

МЛАДИНАТА НА СДС ПОЧНА ДА ЈА МЕНУВА ИСТОРИJATA: СДММ од Прилеп се обиде да ја сокрие борбата против фашистичкиот окупатор – согласно договорот со Бугарија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

СДММ со денешната скандалозна прес-конференција во Прилеп се обиде да ја промени македонската историја и да го прикрие фашистичкиот окупатор против кој се борел македонскиот народ. Со целосно извртена теза даде приоритет на почетокот на борбите за ослободување на градот под Марковите Кули, наместо суштинската причина против кого и кога кога е започната Народноослободителната Борба.

Како што пренесува порталот Маркукуле, кандидатот за советник од СДСМ за општина Прилеп, Ивона Кузмановиќ, изјави:

-Денес, во очи празникот 11 Октомври, оддаваме почит на сите кои на тој ден 1944 година го започнаа ослободувањето на Прилеп, а го завршија на 3 ноември истата година.

СДММ и СДСМ покажаа елементарно непознавање на македонската историја. Во ова скандалозно обраќање во јавноста, тие никаде не го споменуваат фашистичкиот окупатор против кого се бореле партизаните од 1941 година.

Тие се обидоа да ја прикријат вистинската македонска историја, очигледно во одбрана на нивните бугарски браќа со кои Зоран Заев договори ревидирање и бришење на податоците од македонската историја во школските учебници.

Реалната историја е дека на 11 Октомври 1941 борците од Првиот прилепски партизански одред го нападнале бугарскиот полициски участок и телефонско-телеграфската мрежа во Прилеп, што го означи почетокот на организираното востание на македонскиот народ против бугарскиот, италијанскиот и германскиот окупатор за ослободување на земјата. Следниот ден, на 12 октомври, се огласија и партизаните од Кумановскиот одред.

Останува отворено прашњето дали е ова пробен балон на младите наследници на Прилепските комунисти или навистина станува збор за елементарно непознавање на историја?

Со вакви изјави на младите социјалдемократи, наследници на комунистичката партија, нивните предци се превртуваат во гроб.

 

3 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This