April 20, 2024, 12:03 pm

МЛАДИОТ КАВАДАРЧАНЕЦ СО ЛЕКЦИЈА ПО ХУМАНОСТ: Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за утре организира хуманитарна акција!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Дарко Недев, момчето кое го фати крстот за Водици во Кавадарци и навивачката група Лозари Исток на која и припаѓа, за утре организираат хумана акција.

-Утре од 9:15 часот светиот крст ќе биде поставен на градскиот плоштад во Кавадарци и сите верници ќе можат да го бакнуваат и даруваат. Сите пари ќе бидат донирани за помош на малата Драгана Малкиќ, на која и е потребна итна операција во Германија, нагласија од навивачката група.

Рекоа дека во деновите за празнување на делата Господови кога сите си ги посакуваме најубавите желби и се молиме за нашите најблиски и најсакани, повикуваат сите да ја покажат својата хуманост.

-Да помогнеме едно мало девојче да ги види со своите очи луѓето кои бескрајно ја сакаат. Бог се јави. Навистина се јави, додадоа од навивачката група.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This