Младиот македонски доктор Жарко Данилоски го пpeтcтaви cвoeтo нajнoвo иcтpaжyвaњe пoвpзaнo co Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Жарко Данилоски од Кичево, кој е доцент доктор на Њујорк Универзитетот, а кој работи на истражувања од областа на молекуларна и клеточна биологија, објави ново научно откритие поврзано со вирусот ковид-19, односно за спречување на вирусната инфекција на човекови клетки. Трудот е објавен во престижно научно издание.

-Ми претставува големо задоволство да го споделам моето најново истражување на вирусот SARS-CoV-2 (што предизвикува COVID19) кое само што беше објавено во престижното научно списание Cell (“Клетка”). Со помош на CRISPR скрининг биотехнологија откривме кои гени од човековиот геном се потребни за вирусот SARS-CoV-2 да ги инфицира човековите клетки. Таргетирање на овие гени со различни методи (како CRISPR, RNAi, мали хемиски молекули) доведува до ефикасно спречување на вирусната инфекција на човекови клетки. Се надеваме дека нашето истражување ќе придонесе до развивање на подобри третмани за пациентите со ковид-19. Истражувањето беше извршено во соработка со научници од New York University, NY Genome Center и Mount Sinai. Целосната студија може да се прочита тука: tinyurl.com/y6f2n54h, – напиша доцент д-р Данилоски на својот фејсбук-профил.

Инаку, Жарко Данилоски кој има 29 години, од лани работи како доцент доктор на универзитетот „Њујорк“ во Центарот за геномика, каде што применува најнови биотехнолошки методи за манипулација на човечкиот геном, за да открие и да развие нови третмани во лекување на ракот. Тој е еден од научниците кои се високовреднувани во развиениот свет, кој по завршувањето на студиите во Бремен, Германија, по нови знаења и звања се упатил во САД, каде што на универзитетот „Њујорк“ магистрира, а потоа и стекна и докторска титула на Катедрата за молекуларна и клеточна биологија. За своите истражувања добитник е на неколку меѓународни признанија.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This