МЛАДИТЕ СЕ ЕВАКУИРААТ ОД МАКЕДОНИЈА: Од 50 до 70 германски визи се издаваат дневно во Германската амбасада!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски во дебатната емисија Клик Плус на Телевизија 21 спомена поразителни податоци дека впрочем германската амбасада во Македонија дневно одобрува од 50 до 70 визи за македонските граѓани, што на годишно ниво значи дека околу 20 илјади Македонци се иселуваат во оваа европска држава. 

-Младите тука не ја гледаат иднината, бидејќи гледаат дека ова општество со оваа Влада е контаминирано и не гледаат иднина. Зошто? Бидејќи не гледаат напредок. Јас морам да изнесам еден податок кој што мене сериозно ме загрижува и кој што е јавен. Секојдневно во 2018 година, помеѓу 50 и 70 визи издава германската амбасада на македонски граѓани. Тоа значи дека годишно издава на 20 илјади граѓани, вели тој.

Арсовски ги спомена и донациите на Република Германија за реновација на студентските домови во Македонија, при што истакна дека германската држава инвестира во својот иден кадар кој ќе замине од нашата држава.

-Жално е што студентските домови во Република Македонија кои што неколку пати беа реновирани од ВМРО-ДПМНЕ, а студентите беа прелажани од СДСМ. Прочитав еден натпис за кој што сметам и сакам да поверувам дека тој натпис не е точен. Република Германија донира за реконструкција на  студентските домови во Република Македонија. Сепак го земам со резерва од проста причина што не сакам да е вистина да друга држава вложува во својот кадар од Република Македонија. Дали знаете дека паралелно со студирање на факултетите младите се запишуваат да учат германски. Сите ја гледаат иднианата надвор. Зошто? Зошто не нудите решенија!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This