March 28, 2024, 10:53 pm

МЛАДИТЕ СЕ „РАЗБЕГАА“ ОД МАКЕДОНИЈА: Вистински егзодус на младите во последните три месеци – преку 20.000 млади „избегале“ од Македонија!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, ова го ветуваше Заев во октомври 2015 година. Но, место враќање досега младите, добивме 20.000 млади иселени за само три месеци, а според политиките експертите не гледаат можност ова да се промени, туку гледаат шанса само за влошување на состобите.

Најавениот живот за младите од премиерот Заев, изгледа значи големо иселување на младите од Република Македонија. После првите 100 дена од Владата на СДСМ, младите се чувствуваат гневни, измамени и злоупотребени. Премиерот Зоран и голем дел од неговите партиски колеги во предизборната кампања ветуваа големи работи за младите, од тоа младите не добија ништо, а реформите кои беа направени од Владата на ВМРО-ДПМНЕ, кои во секој поглед им го олеснија животот, има најави дека сега ќе бидат укинати.

Измамени и злоупотребени, вака се чувствуваат младите во Македонија после првите 100 дена од владеењето на Владата на СДСМ, Зоран Заев и неговите партиски колеги во предизборната кампања ветуваа брда и долини за младите, младите од тоа ништо не добија, а дури и дел од придобивките што ги имаа од минатата власт на ВМРО-ДПМНЕ сега ќе им бидат укинати.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена во Собранието кажа дека помошта која студентите по медицина, фармација и стоматологија ја добивале од државата сега ќе им биде укината.

-Почитувани студенти по медицина, фармација и стоматологија, благодарение на овие колеги од Социјадемократскиот Сојуз, оваа година во ваучерите од 18 600 денари за потпомагање на вашиот образовен процес ќе ви бидат укинати, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Стевананџија.

Гордо најавуваниот „План за живот во Македонија“ од страна на тогаш лидерот на опозицијата, а сега премиер на државата, како што Заев кажа ќе значи враќање на младите кои се иселиле назад во Република Македонија, но како и скоро сите негови ветувања и ова изгледа ќе остане само убав збор од негова страна. Така барем покажуваат моменталните податоци и бројот на младите кои се иселиле од државата во последните три месеци, откако на власт е СДСМ. Досега новата Влада нема реализирано ниту еден проект за младите, што како што велат самите млади е поразително за една држава.

Бројката на иселени млади лица во минативе три месеци, период додека на власт е СДСМ во Република Македонија изнесува 20.000. Експертите се едногласни дека со моменталните политики на новата власт нивниот број само ќе расте, бидејќи не гледаат начин како младите би се мотивирале да останат во државата.

Пред скоро една година Шеќеринска гордо се фалеше дека тие имале план како да ги задржат младите во Македонија, планот кој очигледно е само еден од многуте неуспешни планови и лаги на СДСМ.

-Имаме план како младите да останат тука во Македонија, тука да формираат семејство, тука да најдат работа, тука да ја градат својата иднина. ВМРО-ДПМНЕ и Груевски имаа десет години да го сторат тоа. Да понудат пристоен живот и еднaкви шанси за сите, но тоа не го сторија. Тие сметаат дека најважно од сѐ е да ги полнат своите џебови и сметки низ рајските острови, изјави лани во ноември Шекеринска.

Пред две години пак премиерот Заев, за чие владеење од само три месеци како што веќе пишавме се отселиле 20.000 млади луѓе, оние кои треба да бидат двигатели на општеството, пред граѓаните ветуваше дека ќе ги враќал и оние веќе се иселени од државата. Инаку ова е најголем пораст на иселување за толку краток период во последните 20 години.

-Ќе ја нормализираме нашата земја, ќе ги вратиме институциите, ќе отвориме квалитетни работни места за да го вратиме овој моќен извор во земјата, младата популација, и заедно да ја градиме иднината на нашето општество, изјави Заев во октомври 2015 година.

СДСМ пред изборите им ветуваше брда и долини на младите и студентите, а веднаш откако дојде на власт заборави на се она што го излажа пред изборите и им го сврте грбот на младите. СДСМ не даде поддршка на Законот за издавање на вредносни бонови-ваучери, а со тоа ги спречи студентите да добијат 18.600 денари за набавка на компјутери, кој беше само еден од многу проекти на Владата на ВМРО-ДПМНЕ за младите.

Младинската гаранција беше и еден од главните адути на СДСМ, кој го промовираа сите високи чинители во партијата.

-Проектот гаранција за млади ќе значи дека државата ќе им гарантира на сите млади граѓани во Македонија, дека веднаш во завршувањето на образованието, во рок од 4 месеци или ќе може да го продолжи образованието, или ќе добие понуда за работа, или да добие можност за практика, обука или тренинг, со кои што ќе се прилагоди на потребите на некое работно место кое што е на располагање, пред изборите лажно ветуваше Шеќеринска.

-Државата ќе гарантира на младиот човек дека по завршувањето на образованието, ќе добие три опции. Државата да му гарантира вработување, државата да му гарантира праска или дополнително дообучување, во вид на изучување странски јазик или компјутерски вештини. И трета опција државата да му помогне на младиот човек да продолжи со образование. Со крајна цел државата да гарантира дека младиот човек по завршување на образованието нема да седи невработен дома, лажно ветуваше и Стефан Богоев.

Со истите лажни ветувања се служеа уште и министерката Мила Царовска, Александар Кирацовски и министерот Оливер Спасовски.

На овие лаги на СДСМ реагираше и Филип Ѓоргиев од ВМРО-ДПМНЕ, тој кажа дека тие ветија проект дека по завршувањето на образованието секој млад човек од државата ќе биде вработен, ќе има шанса да го продолжи образованието или пак да оди на дообучување. Поминаа повеќе од 100 дена, но од ова се уште нема ништо.

-Овој проект насловен како младинска гаранција, се изгуби во приоритетните вработувања на луѓето од Шарената револуција. Наместо вработување на секој млад човек или шанса за дообразување и дообучување, младите имаа можност да видат дека сето тоа е лага и наместо нив се вработија твитерџии блиски до СДС, членови на Шарена Револуција, членови на Сорос. Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ, Зоран Заев најмногу им ветуваа на младите пред изборите. Односно, најмногу ги лажеа младите и ги извисија, истакна Ѓорѓиев.

СДСМ ветуваше и младинска гаранција и сигурност, но само пред избори. Младите се разочарани и се чувствуваат измамени од СДСМ. Се повеќе млади лица коментаат на социјалните мрежи дека нема ниту збор од предизброните ветувања на СДСМ за гаранцијата која младите ќе ја имаат.

-Сите предизборни ветувања им беа чиста лага. Ниту еден проект за младината, а Богоев ветуваше дека сите млади ќе бидат вработени или гаранција за дополнително образование. Каква гаранција?!

-Зоране немаш само ти деца, немаш само ти фамилија секој сака да се запише да се школува ама нема секој услови како твоите деца. Засрамете се не се врти се околу вас.

И лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски обвини дека младите биле измамени од Владата на Зоран Заев.

– Младите луѓе беа измамени. Им ветуваа младинска гаранција односно понуда за работа по завршување на образованието, но тоа не се има случено. Наместо тоа, сега сме сведоци на обид за релативизација на тоа ветување, па наместо вработување по студиите, сега веројатно ќе одат со некоја понуда за пробна привремена практикантска работа, иако и тоа не е сигурно, потсети Груевски на суровата манипулација на СДСМ со младите.

И лидерот на младинската организација на ВМРО-ДПМНЕ, Владимир Нелоски обвини дека Владата на СДС во првите 100 дена не исполни ниту едно ветување кое го даде кон младите во текот на изборите. Како што тој вели младите се изманипулирани од страна на СДС. Младите гледаат дека се што ветија Заев, Шекеринска и Богоев, и излажаа. Тие ја потценија интелегенцијата на младиот човек во Република Македонија, истакна Владимир Нелоски, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

-СДС едно ветуваа додека беа во опозиција, а друго прават кога се на власт. Тие ветуваа брда и долини и на крај извисија. Младинската гаранција е уште една огромна лага за предизборна манипулација со младите. СДС со овој проект ветуваше дека по завршување на своето образование, од државата секој млад човек ќе добие вработување, дообучување или продолжување на нивното образование. 100 дена откако СДС седнаа во влада, а ни трага ни глас од овој проект. Младите се уверија дека ова е уште една предизборна лага на СДС, односно уште една од многуте лаги на СДС за младинската политика. Пратениците на СДС, меѓу кои и Стефан Богоев, Ивана Туфегџиќ и другите кои велеа дека младите ќе бидат на првото место, со ребалансот на буџетот не предвидоа ниту денар за овој проект, а скратија и многу други проекти за младите. Очигледно и за жал СДС нема намера да реализира ниту еден проект за младите кои беа грубо излажани, истакна Нелоски.

Младите се разочарани и од односот на оние кои треба да бидат нивни претсавници и да ги штитат нивните права, а во минативе 3 месеци ги нема никаде. Голем дел од нив коментираат дека Стефан Богоев, кој сам се претставува како другар на сите млади, дека другарот ги напуштил за да си стане градоначалник, тие се разочарани и што гласните за време на Шарената револуција Павле Богоевски и Ивана Туфегџиќ сега ги нема никаде и молчат за сите лоши политики на СДСМ.

2 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This