МЛАДИТЕ ЌЕ ЈА ИСПРАТАТ СДСМ ВО ИСТОРИЈАТА: На младите им е доволно од лажни ветувања и сеење ветер и магла низ јавноста

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Развојот на образованието и градењето на Република Македонија како земја базирана на знаење, наука, информатички технологии и иновации е цврста стратешка определба во политиките на ВМРО-ДПМНЕ. Силна држава е држава со образована младина, велат од УМС на ВМРО-ДПМНЕ.

dimsa

Во продолжение следува интегрален текст од изјавата на Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ

Во таа насока, во изминатите години како партија која ја предводи власта реализиравме и сé уште реализираме многу проекти, мерки, активности и реформи кои обезбедија и сеуште ќе обезбедуваат бројни бенефиции, поволности и нови можности за сите млади луѓе. Нас особено ни е драго што сите тие проекти потекнуваат директно од комуникацијата со младите.

Во спротивно, додека ВМРО-ДПМНЕ вложува милиони евра за образованието и спроведува проекти, СДСМ сака да спроведе двојазичност за младите да учат на албански. Тоа беше јасно и гласно кажано од партискиот лидер на СДСМ, Зоран Заев, кој за пример ја зема својата ќерка која требало да учи на албански.

Најнапред во изминативе години Буџетот за образование од страна на ВМРО-ДПМНЕ е зголемен за 72,3%, односно од 13,4 милијарди денари во 2006 година на 23,1 милијарди денари во 2016 година.

Изградени и доградени се 74 нови и реконструирани се повеќе од 400 основни и средни училишта за што инвестирани се над 50 милиони евра. Ако се земе во предвид фактот дека последен пат е изградено училиште пред осамостојувањето на државата, фактите се поразителни.

Изградени се вкупно 60 училишни спортски сали, инвестиција над 29 милиони евра. Веќе 8 години се обезбедуваат бесплатни учебници, инвестиција над 40 милиони евра.

Набавен е компјутер за секое дете во училиштата.

Поразителен е и фактот дека во високото образование до 2005 година се даваа само 5 различни видови стипендии, додека пак сега студентите имаат можност да искористат над 40 различни видови стипендии за кои се исплатени околу 4 милиони евра, додека пак во 2016 год. се обезбедени над 11 милиони евра.

ВМРО-ДПМНЕ го решава и еден од најгорливите проблеми на студентите од другите градови кои студираат во Скопје, студентските домови. По цели 40 год. изградени се нови современи објекти, а се санираат и постојаните. Се реконструира студентскиот дом Гоце Делчев, изградени се нови капацитети во Стив Наумов инвестиции вредни неколку милиони евра.

Додека во минатото беше привилегија да студираш и факултетите беа наменети само за децата на врхушката на СДСМ, откако го воведовме проектот за намалување на партиципацијата од 1000ци евра на 200 и 400, со што им пруживме можност на сите млади да студираат и да се дообразоваат.

Преведени се 990 наслови, односно учебници од кои учат најреномирани универзитети во светот, набавени се нови 80 лабаратории, отворени се нови факултети и 65 дисперзирани студии во 16 различни градови, основан е фонд за иновации преку кој се финансираат младите иноватори, воведен е проект субвенционирање на научни трудови.

Дополнително, од последната кампања “Македонија за младите” од вкупно 40 најавени проекти, дури 27 проекти се директни проекти за образованието и студентите.

Младите препознаваат кој работи и спроведува проекти за нивна цел, а кој за свои лични интереси. ВМРО-ДПМНЕ својата доверба кон младите ја гради години наназад и таа е меѓусебна.

На младите им е доволно од лажни ветувања и сеење ветер и магла низ јавноста, за собирање политички поени. На 11 декември, гласот на младите ќе ги испрати СДСМ во историјата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This