МЛАДИЌ СО ПОСЛЕДНА ЖЕЛБА ПРЕД СУДОТ: Пуштете ме да го видам гробот на ќерка ми пред да биде доцна!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

На конференцијата пред Механизмот за постојани вoeни злocтopcтвa на ОН во понеделникот во Хаг беше разговарано за прашањето на здравствениот статус на Ратко Младиќ.

Всушност, пред овој механизам разговараа за медицинска грижа на поранешниот командант на војската на Република Српска, како и за тоа како и дали ќе му биде дозволено да ги посети гробовите на своите најблиски, објави РТРС.

Според извештајот, ТВ РС, Младиќ на конференцијата за статусот предупредил дека за него часовникот отчукува и се пожалил дека не ги разбира медицинските извештаи, што му даваат неразбирливи, па дури збунувачки информации, дека и покрај тоа што дијагнозата вели дека е стабилен, дури и излегувањето на воздух за него е ризично.

„Тие велат дека дека не смеам надвор, и јас се согласувам, а тоа значи дека не сум добар. Тоа ме збунува“, рече Младиќ. Тој побара да му биде дозволено да ги посети гробовите на своите ќерки, мајка и внук пред да биде доцна.

„Часовникот отчукува“. Сакам да ги жалам како што доликува“, рече Младиќ.Состанокот беше затворен за јавноста.

Ако сè оди според планот, жалбите треба да се поднесат на есен, а второстепената одлува во текот на следната година.

Младиќ со првостепена пресуда беше осуден на доживотен затвор .

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This