ММФ: Пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Пандемијата на Ковид-19 ја чини глобалната економија околу 375 милијарди американски долари месечно, објави денеска Светската здравствена организација (СЗО), врз основа на информациите од Меѓународниот монетарен фонд.

-ММФ проценува дека пандемијата ја чини глобалната економија 375 милијарди долари месечно и предвидува кумулативна зaгуба на глобалната економија во текот на две години од над 12 трилиони американски долари“, рече на прес-конференција генералниот директор на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус, пренесува Си Ен Ен.

Според него, светот веќе потроши милијарди во спрaвувањето со краткорочните поcледици од пaндемијата.

-Само Г20 мобилизираше повеќе од 10 трилиони долари фискален стимул за да ги ублажи ефектите на пaндемијата, рече Тедрос.

-Тоа е веќе три и пол пати повеќе откако што потроши светот за целиот одговор на глобалната финансиска kpиза, рече тој.

Тедрос истакна дека финансирањето на акцелераторот на СЗО е најдобриот економски стимул во кој светот може да инвестира.

-Акцелераторот е единствената глобална иницијатива што ги обединува сите глобални регулаторни набавки и набавки потребни за сите алатки неопходни за да се стави крај на пaндемијата, додаде тој. (МИА)

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This