ММФ СО ЗАГРИЖУВАЧКИ ПРОЕКЦИИ: Долгот ќе расте, буџетскиот дефицит може да се зголеми!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Долгот ќе продолжи да се зголемува, а растот на економијата следните неколку години ќе достигне до 3,75 отсто наспроти ветувањата на Владата дека ќе има годишен раст, се вели во завршната изјава на ММФ по редовната мисија во земјава, пишува Економски.мк

ММФ очекува фискалниот дефицит да се зголемува, а јавниот долг да расте. Покрај понискиот раст и пониската реализација на капиталните инвестиции се очекува биџетскиот дефицит да достигне 3 отсто од БДП во 2017 година. На среден рокнспоред Фондот буџетакиот дефицит ќе достигне и до 3,5 отсто. Како резултат на ова јавниот долг ќе се прошири до 53 отсто од БДП.

Фондот бара фискална консолидација. Тие ги поддржуваат социјалните мерки на Владата, но велат планот како тие да се реализираат преку субценции на платите и покачување на даноците е доста ризичен.

ММФ предлага да се намалат даноците за лицата со пониски приходи, да се подобри наплатата на ДДВ и покачат давачките за имот и гориво, да се намалат трошоците преку кратење на субвенциите и реформирање на пензискиот систем.

Завршниот состанок на Фондот со министерот за финансии и гувернерот беше денеска и наместо со завршна прес конференција за наодите на мисијата, јавноста беше информирана преку соопштение на веб страната на министерството.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This