МНОГУ ПРИЧИНИ ЗА СЛАВЕЊЕ: Голема среќа во домот на Мартинијан Кириловски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Започнува и третиот круг на „Ѕвездите на Гранд“ каде што кандидатите ќе настапуваат во дуели и ќе се бopат за поминување директно во следниот круг.

Меѓу нив се најдоа и Мартинијан Кириловски, Огнен Здравкоски, Елена Миленковска, Адам Лабунски, Ангел Јовевски….

Во неделата се влечеше ждрепка и се биреа дуелите, па така менторите ги бираа кандидатите кои ќе се натпреваруваат.

Кумановецот Мартинијан Кириловски кој е во групата на Јелена Карлеуша и под нејзино менторство ќе пее против Марта Јовичиќ од групата на Ана Бекута.

Инаку, Карлеуша заедно со Ивана Петерс заедно работат на кандидатите кои се во нивниот тим и ги советуваат за нивните изведби и сценски настапи.

Мартинијан ќе настапува во емисијата која ќе се емитува оваа сабота.

Тој на својот „Фејсбук“ се пофали со новиот успех, односно дека успел да помине директно во четвртиот круг.

„Одиме во четврти круг“ напиша Мартинијан во опис на фотографијата.

Од друга страна, освен успехот во „Ѕвездите на Гранд“, деновиве Мартинијан имаше уште еден повод за славење, односно тој е апсолвент на факултетот за Туризам и бизнис.

Кирловски на социјалните мрежи сподели фотографија, а вака изгледа како апсолвент.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This