April 24, 2024, 10:05 am

МНОГУ СМЕ, СИТЕ ЛИ ЌЕ НЕ АПСИТЕ: Сотир Костов за репресијата и заканите на властите за апсење на оние кои искажаа незадоволство од владата!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Почитувани граѓани на Република Македонија, Хунтата на власт во Македонија повторно ги апси комитите. Единствена нивна вина е што заедно со останатите навивачки групи, македонските патриотски здруженија, граѓаните од сите градови на Македонија припадниците на македонските заедници во светот присуствуваа на величенствената прослава за Илинден и изразија несогласување со политиките на Зоран Заев и неговата Влада во врска со промена на името Македонија, откажување од македонскиот идентитет и предавање на македонската историја во рацете на Бугарија и Грција. Тие и сите ние останати кои сме истомисленици со нив по тие прашања имаме право на несогласување, одбивање на срамната понуда за референдум со која треба да го промениме името Македонија и да го прифатиме срамниот договор со Грција.

Имаме право на јавен протест и отпор. Знаеме дека тоа не и се бендисува на владеачката Хунта на Заев. Но и нам не ни се бендисува како тие го срамотат македонскиот народ и како сурово ја обезличуваат Македонија. Нашиот пркос ќе биде уште поголем, а отпорот жесток и ќе трае додека не си го одбраниме името, идентитетот и историјата. А Хунтата нека се замисли.

Затвора уметници патриоти, притвора, прогонува и обвинува пратеници и припадници на македонските патриотски здруженија. Сега тоа го прави и со припадниците на навивачките групи, особено припадниците на Комитите. Слепа е и со помрачен ум, и не може да види и да свати, дека таа го созадава отпорот. И за крај. И јас бев на Мечкин Камен, гордо веев знаме за 4от Илинден и истакнував пароли “Македонија, една, единствена и вечна” и “Сме биле, сме и ќе останеме Македонци”.

И јас негодував и свирев против Делегацијата на Владата на Заев, а особено против Љубе Бошковски, неговото провоцирање при доаѓањето, за време на читањето на говорот на Претседателот Иванов и срамното предвремено напуштање на собирот. Не сме малоумни. Тие ја испровоцираа состојбата на револт, негодување и викање уааа. Престанете да ги заокружувате младите деца- навивачи од прославата и дојдете да не апсите нас возрасните. Ама да знаете многу сме.

Сотир Костов

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This