МНОГУ УБАВИНА И ПОЗИТИВНА ЕНЕРГИЈА: Турските актери уживаа во манастирскиот комплекс „Свети Наум“

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Турските актери, кои беа гости на „Охридско лето“ со претставата „Буре Барут“, уживаа во посетата на манастирскиот комплекс „Свети Наум Охридски“. Со туристичкиот водич на Охридско лето го посетија манастирот и изворите на реката Црн Дрим. Беа оодушевени од богата историја, но и спојот на духовното, природното и културното богатство на едно свето место.

Прв пат сум овде. Навистина прекрасно место. Многу убавина, но се чувствува и многу позитивна енергија. Воодушевена сум од Охридското езеро , големо и убаво како море“, рече актерката Башак Гумулџинелиоглу.

Актерите беа воодушевени, запознавајќи се со легендарните приказни за мoќтa и чyдaта на големиот cвeтител Свети Наум Чудотворец, пред чиј гpoб клечат и христијани и муслимани.

Многу ни се допадна Охрид. Градот, историјата, културата но и гостопримството на љубезните домаќини. Би сакале повторно да дојдеме тука“, рече режисерот Шахинлер.

Голем дел од уметниците на фестивалот „Охридско лето“, годинава за прв пат имаа можност да прошетаат со туристички водич низ Охрид и манастирскиот комплекс Свети Наум Охридски. Целта е светски познатите музичари и актери да се запознаат со културата, историјата и традицијата на Охрид и со себе да понесат незабоpaвни спомени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This