April 27, 2024, 12:16 am

МНР МУ ВРАЧИ ПРОТЕСТНА НОТА НА УНГАРСКИОТ АМБАСАДОР ВО ЗЕМЈАВА: Државниот секретар бара од унгарскиот амбасадор да им го вратат Груевски

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Министерството за надворешни работи во текот на денешниот ден го повика амбасадорот на Унгарија во Република Македонија, Ласло Дукс, на средба кај државниот секретар Виктор Димовски.

На средбата, државниот секратар Димовски му ја врачил протестната нота од македонската до унгарската страна. Ова следува по повод последните информации поврзани со бегството на Никола Груевски и неговото барање за азил во Унгарија.

Во таа прилика,  Димовски изрази надеж дека Унгарија во случајов ќе постапи во духот на добрите билатерални односи и на европските вредности и принципи поврзани со владеење на правото и во тој контекст веднаш и без одлагање ќе го отфрли барањето за добивање на азилантски статус на осуденикот и бегалец од правдата Никола Груевски и истиот ќе го предаде на Република Македонија, заради извршување на изречената казна затвор, како и продолжување и завршување на останатите судски постапки против него.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This