April 24, 2024, 11:56 am

МНР ЈА ПОТВРДИ СМРТТА НА ВЕЛЕШАНКАТА: 36-годишна велешанка пронајдена мртва во стан во Лондон!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Се подготвуваат документите за транспорт на посмртните останки на Билјана З. од Лондон во Македонија, јавува Дума.
london_policija

Резултатите од обдукцијата треба да кажат од што настапила смртта.

Триесет и шест годишната девојка била пронајдена мртва во станот во кој живеела. Амбасадата на Македонија во Велика Британија посредува во постапката и му помага на овластеното лице од семејството на починатата. Штом се заврши со прибирањето на сите потребни документи и се обезбедат сите протоколи, посмртните останки ќе бидат пренесени во државава, рекоа од Министерството за надворешни работи.

Засега не се знае од што настапила смртта кај девојката. Тоа ќе треба да го покажат резултатите од обдукцијата.

-Ова е трагедија како за семејството така и за починатата девојка, велат неколкумина велешани кои го познаваат семејство и Билјана.

Девојката петнаесет години живеела во Лондон и работела како медицинска сестра. Таа често доаѓала дома, во Велес. Пред еден месец нејзиниот татко бил во Лондон кај неа. Семејството секојдневно контактирало со Билјана на телефон или интернет. Родителите откако не успеале во понеделникот да се слушнат со неа побарале помош од нејзини пријатели во Лондон кои потоа им ја соопштиле трагичната вест.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This