МОБИЛИЗИРАНА ДИЈАСПОРАТА: Македонците од целиот свет со остри реакции на планот за двојазичност и федерализација на Заев!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Не стивнуваат реакциите по предлогот на лидерот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Зоран Заев за воведување на двојазичност на целата територија на Македонија. По реакцијата викендов на нашинците од Австралија, остри реакции за идејата на Заев пристигнуваат и од македонската дијаспора од Швајцарија, Австрија, Италија, САД, Канада, Данска.

dijaspora-n640

-Ние Македонците кои работиме и живееме во Швајцарија, сакаме да укажеме на бесмисленоста на предлогот, размислувањата и изјавата на господинот Зоран Заев по однос на неговите повик за решавање прашањето за повеќе јазичноста во Република Македонија. ДУИ ја поздрави ијавата на Зорана Заев и потсети дека има потреба од употреба на албанскиот јазик на цела територија во Република Македонија. Ние како Македонска зедница во Швајцарија укажуваме дека сме зачудени и затекнати од конфузната изјава, исто како што се заткна и целиот македонски народ , па по реакците на ДУИ очигледн дека и од предлогот се затекнати и македонците од албанската етничка заедница, се вели во реакцијата на македонската заедница од Швајцарија.

Тие очекуваат и бараат Заев самиот да илезе и да појасни како во Дојран, Штип или Прилеп ќе овозможи примена на елбанскиот турскиот или српскиот јазик.

svajcarija-640x360

-Очекуваме и се надеваме дека Заев со својата изјава сакал да укаже на потребата и можноста за подавање рака и позитивна енергија од мекедонската етничка зедница кон другите етнички заедници, а не предлози кои за дневни политички поени ќе водат кон блокади, деструкци конфликти. Македонска зедница во Швајцарија предупредува и предлага сите парти да се свртат кон проблемите со кои се соочуваа македонските граѓани, да ги посочат кочниница и решениата на економскиот и технолокот и севкупен развој на Република Македонија. Повикуваме партиите преку јасни предизборни Програми и заложби да предложат нивно решавање, врз основа на што граѓаните мериторно ќе одлучуват кој да ја води Република Македонија во периодот по изборите, стои во реакцијата.

-Во очаен обид за придобивање на евтини политички поени од страна на лидерот на најголемата опозициска партијаСДСМ, како и несмасно додворување на албанското гласачко тело, деновиве Зоран Заев очајно се расфрла со идеи за двојазичност на целата територија на Република Македонија. Свесно знаејќи дека ја губи и онаа мала поддршка што ја има од македонскиот народ, господинот Заев се фаќа за последната сламка спас, играјќи си со чувствата на илјадници Македонци ширум светот. Со неверување ја проследивме последната скандалозна изјава на Зоран Заев, чудејќи се колку ефтино е спремен да си ги продаде националните интереси, само за да добие некој глас повеќе. После ова се поставува прашањето, за какви други отстапки е подготвен господинот Заев доколку постане Премиер за да се оддолжи на оние кои го донеле на власт, кога дури сега застапува теза за двојазичност врз целата територија на Република Македонија? Од порано сме запознаени дека Зоран Заев посакува членовите на неговото семејство да го научат албанскиот јазик што е и негово легитимно право. За тоа постојат курсеви каде тој и неговото семејство можат да го сторат тоа. Но во никој случај немада дозволиме албанскиот јазик да стане официјален во цела Македонија. Македонската заедница во Данска најкатегорично го одбива предлогот на лидерот на СДСМ за двојазичност во Република Македонија. Се прашуваме, што све сте подготвени да направите се со цел да добиете глас повеќе , знаејќи дека Вашиот политички пораз е се поизвесен?, реагира македонската заедница од Данска.
detroit-640x812

 

[kopa_block_quote class=”e.g. kopa-blockquote-1, kopa-blockquote-2″]

Браќа и сестри Македонци,

Голема е болката кога слушаме и гледаме како одредени политичари кои претендираат да ја водат нашата држава даваат изјави кои се несоодветни со реалноста и кои наштетуваат на македонските национални интереси. Додека македонскиот јазик е бришен од графите во соседните земји, нашите општини се укинуваат, нашите права како национални малцинства се смалуваат, ограничуваат, исчезнуваат, г-динот Заев сака албанскиот јазик да го направи службен јазик на нашата татковина.
Неговите претходници ја опустошија македонската економија, го продадоа нашето знаме и прифатија срамна референца во ОН. Ни го сменија уставот и се откажаа од заштитата на нашите права како малцинства во соседните земји, а тука сака на едно малцинство кое е вештачки прикажано како големо во нашата земја, да му даде право да го користи својот јазик на целата територија на Македонија. Со што го заслужиле ова нашите браќа и сестри Македонци во Струмица, Пехчево, Берово, Битола, Велес, Куманово, Охрид и сите други градови каде речиси и да нема ниту еден жител Албанец. Со што заслужиле вакво однесување бранителите на нашата земја, од Гоце Делчев, Даме, Тодор, Ченто, нашите бранители од конфликтот во 2001.
Нема место во политиката за малициозни политичари како Зоран Заев кои за глас повеќе, за поен повеќе кај странските амбасадори, дава изјави со кои им штети на македонските национални интереси, и го погазува нашиот мајчин македонски јазик.
Македонската дијаспора од САД не се согласува со ваквите ставови и остро ќе одговори на следните избори.

Стои во соопштението на Македонската Заедница од Детроит, Мичиген потишано од претседателот Војче Симовски.

[/kopa_block_quote]

 

anglija-1-640x360
Македонските граѓани што живеат и работат во Виена, вчера протестираа во главниот град на Австрија, изразувајќи го својот револт од иницијативата за воведување на двојазичност во Република Македонија што ја покрена претседателот на опозициската СДСМ, Зоран Заев.

Како што јавува дописникот на МИА од Виена, повеќе од 200 Македонци со транспаренти „Против двојазичност во Македонија“, „НЕ за федерализација на Македонија“ и „Доста ни е од предавници“ протестираа на обидот за менување на според нив уставниот поредок во македонската држава.
makedonci_viena
– Според Уставот на Република Македонија, службен јазик во државата е македонскиот и неговото кирилично писмо. Така треба и да остане! Доста беше со тргување со националните и државните интереси на Македонија – револтирано во еден глас порачаа во Виена.
viena-2-640x480
По еден час, македонските граѓани мирно се разотидоа, посочувајќи дека ова е вторпат за шест месеци да протестираат во Виена за обидите преку политичката дестабилизација што во Македонија според нив ја прави опозициската СДСМ да се загрозува опстанокот на македонската држава. Претходно, во мај оваа година, Македонците од Австрија протестираа пред седиштето на Европската унија во Виена каде требашеда се одржат преговори на лидерите на четирите најголеми политички партии во Македонија, што во последен момент беа откажани.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This