МОБИНГ ВО ЗДРАВСТВОТОТО: Дали кршењето на правa, процедури и мобинг е вообичаено на Клиниката за уво, нос и грло?

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кон крајот на минатата година, на деветмина ангажирани со договори на дело на Клиниката за уво,нос и грло им завршил договорот. На вработените, како што вели нашиот извор, им било ветено од страна на директорот дека ќе бидат вратени на работа.

-Една од деветмината беше бремена, но сепак се врати на работа пред крај на годината или еден месец пред да и заврши договорот. Токму неа не и беше продолжен договорот со образложение дека е приоритет да се пренаменат парите за секретар на катедрата. Но, директорот сепак прими друго лице и на нејзиното работно место, а вработи и дополнително технички секретар на Клиниката, вели нашиот извор.

Лицето кое требало, пак, да се вработи на местото технички секретар, според систематизацијата на работни места на Клиниката треба да биде лице со факултет со јазици, а примено е лице со Економски факултет.

Ова, коментираат правници, е и непочитување на систематизацијата, од една страна, а од друга мобинг врз вработените лица на Клинката.

-Не може да се ветува дека на некој ќе му биде продолжен ангажманот, а потоа да биде прекинат токму на трудница, тоа е класичен мобинг на работно место. Исто така, секој претпоставен треба да ја почитува систематизацијата на институцијата со која раководи и да вработува лица како што е предводено, коментираат познавачите на приликите.

На сето ова, велат нашите извори, се вработуваат уште на Клиниката и тоа без било какви огласи или критериуми за соодветното работно место. Инаку последно вакво вработување е минатата недела.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This