МОГЕРИНИ ЗАПОЧНА СО СРЕДБИТЕ ВО СКОПЈЕ: Прва средба со НВО, потоа со лидерите на партиите и со претседателот Иванов

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Високиот претставник за надворешна политика и безбедност на ЕУ Федерика Могерини со средбата со претставници на НВО секторот, попладнево ја почна планирана серија разговори во Скопје.
mogherini324_0

Како што информираа од Европската комисија, во Македонија таа ќе се сретне со претседателот Ѓорге Иванов (16:00), со лидерите на политичките партии застапени во македонското Собрание (15:00), како и со студентите што партиципираат во „Еразмус“ програмата.

– За Европската унија, работата со земјите од Западен Балкан, регион што е во срцето на Европа, е клучен приоритет. Работам за да го видам секој од нашите апртнери на Западниот Балкан како напредува на патот на реформите кон Европската унија, за да се осигури дека овој процес е неповратен. Регионалната соработка и добрососедските односи остануваат од суштинско значење во овој контекст, истакна Федерика Могерини спроти почетокот на мини-турнејата на Балканот.

Могерини во рамки на нејзината мини-балканската турнеја, попладнево допатува во Скопје, по средбите што ги имаше во Подгорица. Иако беше предвидено, таа не отпатува во Босна и Херцеговина поради магла на аеродромот во Сараево. Поради предвременото пристигнување на Могерини во Скопје, планираните средби започнаа порано од првично предвиденото.

Планирано е утре Могерини да го посети Белград, Србија, каде што ќе се сретне со претседателот Томислав Николиќ, премиерот Александар Вучиќ и други политички лидери. Подоцна истиот ден, високата претставничка за надворешна политика и безбедност ќе замине за Тирана, Република Албанија, каде што ќе се сретне со претседателот Бујар Нишани, премиерот Еди Рама и претставници на парламентарните партии.

Во сабота на 4. март, Федерика Могерини ќе отпатува за Косово, каде во Приштина ќе се сретне со претседателот Хашим Тачи, со премиерот Иса Мустафа и други, а ќе го посети и реонот на Митровица.

По оваа посета на земјите од Западниот Балкан, Федерика Могерини се очекува да направи извештај за состојбата во регионот, кој потоа ќе биде разгледуван на Советот за надворешни работи на Европската унија во понеделник, а ќе биде тема и на Самитот на Европскиот совет закажан за 9. и 10. овој месец.

8 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This