МОГЕРИНИ ПОМИСЛИ ДЕКА НЕ ГО ЗНАЕМЕ УСТАВОТ: Збор не изусти за албанската платформа, ама делеше лекции по уставно право

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Шефицата на европската дипломатија пред новинарите цитираше делови од македонскиот устав, а во кој се вели дека шефот на државата му го доделува мандатот на оној кој ќе обезбеди пратеничко мнозинство во законодавниот дом. Сепак таа во ниту еден момент не ја спомна платформата со која настапија албанските партии

han-mogerini

Претседателот е должен да го даде мандатот на коалицијата која ќе обезбеди мнозинство во парламентот, рече високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ, Федерика Могерини, после денешните средби со лидерите на политичките партии кои обезбедија пратеници во новиот собраниски состав, како и со претседателот Ѓорге Иванов.

Таа пред новинарите цитираше делови од македонскиот устав, а во кој се вели дека шефот на државата му го доделува мандатот на оној, односно на онаа партија, која ќе обезбеди пратеничко мнозинство во законодавниот дом. Сепак, шефицата на европската дипломатија во ниту еден момент не ја спомна платформата со која настапија албанските партии после изборите.

ivanov-mogerini (1)

Могерини истакна дека имала долг разговор со Иванов, но не даде детали за тоа што се разговарало. Долг бил разговорот и со претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски. Таа се сретна и со Зоран Заев од СДСМ, како и со лидерите на албанските партии кои партиципираат во собранискиот состав.

Могерини истакна дека Европската унија одблиску ќе ја следи состојбата во земјава.

– Политичката состојбата во земјата ќе биде дел од темите на европскиот совет следната недела во Брисел – рече Могерини.

Од ВМРО-ДПМНЕ, после средбата испратија соопштение во кое се вели дека и пред Могерини го истакнале незадоволството од албанската платформа. Воедно ѝ нагласиле дека решение за кризата се нови избори.

„Од страна на ВМРО-ДПМНЕ беше изразено незадоволство од платформата на премиерот на Албанија Рама од Тирана, негативните последици што се предизвикуваат од бруталното мешање во внатрешните работи на соседна држава, спротивно на принципите за добрососедство. Воедно беше истакнат фактот за нарушување на принципот за коалицирање на ‘победник со победник’ по изборите – соопштија од ВМРО-ДПМНЕ, после средбата на Груевски со Могерини.

vmro-dpmne

Воедно и на таа средба било укажано дека нови избори се решение за излез од кризата.

„Разговарајќи околу можните решенија ВМРО-ДПМНЕ ја повтори оценката дека спроведувањето на брзи избори е најдобриот начин за стабилност и надминување на политичката криза“, соопштија од ВМРО-ДПМНЕ.

440155-zaev-ja-realizira-dvojazichnosta-albanskiot-i-oficijalno-vo-sdsm-640x426
Зоран Заев, пак, после средбата одржа прес-конференција, на која исто така рече дека Иванов треба да ја преиспита одлука. Според него, политичката криза во Македонија треба да се реши согласно Уставот и законите, а за пријателски треба да се сметаат изјавите на политичари од меѓународната заедница кои повикуваат на брзо формирање влада.

– Оттука, првиот чекор е Иванов да ја преиспита својата одлука и да ги почитува овие 67 мандати за да може да се придвижат процесите. Давањето мандат не значи со сигурност дека ќе биде формирана влада, но тоа е патот по кој треба да се движат процесите во Македонија – изјави Заев.

9 КОМЕНТАРИ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This