Модерна инвестиција: Чанта што чини колку куќа во Англија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Колку чини една дизајнерска чанта? Сто долари? 500? Можеби 1.000? А што ќе кажете за над 380.000 долари (270.000 фунти) за една чанта и тоа на старо?

За таа цена може да купите куќа во Англија, каде просечната цена за куќа е 223.285 фунти, па ќе ви остане и кусур.

Оваа цена лани беше платена за редок модел на чанта – 2014 Himalaya Birkin на Hermès. Чантата е изработена од крокодилска кожа и украсена со 18-каратно бело злато и дијаманти.

Иако сумата од 279.000 фунти беше рекордна за „светиот грал“ на чантите, тоа е сепак капка во океанот кога станува збор за сѐ поислатливиот пазар за купување и продавање на овој моден додаток на старо.

Луксузниот бренд чанти помина долг пат од деновите кога принцезата од Монако го криеше трудничкиот стомак од папараците со нејзината Hermès чанта, модел што подоцна го доби името Kelly во чест на холивудската ѕвезда која стана принцеза.

Скапите чанти сега се задолжителен скап моден детаљ на славните личности, до кој се доаѓа по долги години на листата за чекање за оригинален модел од продавница. Некои модели се купуваат на аукции на старо по уште повртоглави цени од новите.

Нова Kelly или Birkin чанта чини околу 7.000 фунти, ако воопшто успеете да стигнете до неа, а нова класична мини Chanel чанта со преклоп чини 2.392 фунти. На аукција на чантите на старо, овие цени вртоглаво растат бидејќи чантата влегува во друга категорија.

Аукциската куќа „Christie’s“ вели дека глобалниот пазар за продажба на дизајнерски чанти на старо ја зголемил вредноста на 26 милиони фунти во 2016 година, од 5,2 милиони во 2011.

„Heritage Auctions“ смета дека светскиот пазар на луксузни дизајнерски чанти на старо „тежи“ од 75 до 100 милиони долари и цените растат од ден во ден.

Во поглед на инвестиција, купувањето на овие чанти може богато да ви се исплати.

Инвестициската банка „Jefferies“ смета дека некои модели на чанти може да ви донесат профит до 30% ако ги купите и продадете во вистинско време.

Чантите на францускиот луксузен бренд Hermès се најбарани.

Рејчел Кофски, специјалист од одделот за чанти и модни додатоци во „Christie’s“ вели дека чантите на Hermès „се произведуваат на ист начин и од итите материјали со децении, додека многу други брендови биле неконзистентни во производството во изминатите 100 години“.

Таа додава дека трите најпознати модели – Kelly, Birkin (оригинално направена за пејачката и актерка Џејн Биркин) и Constance, која го носи името на петтото дете на дизајнерката на Hermes Катрин Шале – останаа речиси непроменети од нивниот оригинален дизајн.

„Сепак, во изминативе 10 до 20 години луксузните брендови успеаја значително да ги зголемат цените на нивните чанти и да користат премиум материјали, така што во иднина, можно е на врвот на овој пазар да не доминира само Hermès.”

Ова значи дека се менува клиентелата што влегува во светот на аукциските куќи. Чантите се „попристапна категорија“ поради пониските цени во споредба со антиквитетите и уметничките дела. Околу 40% од вкупно 712 нови купувачи во оваа категорија биле нови клиенти на „Christie’s“.

„Heritage Auctions“ вели дека нема типичен купец за оваа стока. Варираат од луѓе кои сакаат да ја збогатат својата колекција луксузни чанти до луѓе кои сакаат да станат колекционери или едноставно да имаат еден примерок.

Сепак, наддавањето за овие чанти во никој случај не е евтино хоби и не е за секого.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This