April 20, 2024, 12:36 am

Модерниот маж во 21 век: Глуми фраер од џепарлакот што му го дава тато, го јаде ручекот од мама и мисли дека има којзнае какви проблеми

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Кога би требало да постои само едно златно правило за воспитување деца, според мене тоа треба да биде следното: „Ако имаш лична карта, имаш способност и да се снајдеш.“

Со други зборови, спакувај ги куферите и пронајди се себеси во белиот свет кој е полн со кривини, неправди и сиромаштија, но кога ќе ги заработиш своите први пари, ќе го цениш она што си го имал во семејниот дом. Во спротивно ќе бидеш мажот од насловот, кој глуми фраер од џепарлакот што му го дава тато, а откако ќе го изеде ручекот што му го подготвила мама и излезе од дома испеглан, дотеран и најаден, сепак се чуди и мисли дека има којзнае какви проблеми.

Несвесен за главниот проблем од постоење на заедничка адреса, мажот кој и понатаму живее со родителите, апсолутно не може да биде независен, затоа што да знаеше, ќе можеше да си го организира животот. Но, организацијата подразбира и некаква одговорност, а тоа некако тешко им оди на мажите. Тие подоцна ова елегантно и го префрлаат на жената и всушност жената стапува во брак со нивната зависност и таа треба да им биде втора мајка.

Се согласувам дека ситуацијата е речиси иста и кај жените, но поретко ги среќавам оние кои со своето држење ќе промовираат независност, ако навистина ја немаат. Мажот од својот агол независен дури и ако тоа подразбира дека тој се уште живее во истата соба откако се родил. Со самото тоа, некои мажи многу тешко се привикнуваат на обврските кои ги носи заедничкиот живот со партнерката, затоа што се губат во превод уште во првиот момент кога нема да ги дочека испеглана облека и ручек на маса. Кај некои мажи ова се случува затоа што цел живот мајка им го правела тоа за нив, а некои мислат дека тоа е непишано правило при секој машко-женски однос.

Понекогаш се воспитани така што себеси се гледаат како некој последен примерок од некој редок вид, па се доживуваат и како „несфатени уметници“ во овој „суров свет“. Овие најчесто се наклонети кон кукање за тоа дека животот е тежок, неправеден и нефер, затоа што немаат се што ќе посакаат, иако реално гледано воопшто не вложуваат труд во остварување на целите што ги имаат.

Гледајќи објективно, зошто би се селел од дома? Ако неговото секојдневие е трошење на пари кои тој не ги заработува и истите ги троши на различни облици на лесна забава, а навечер лута низ градот како „алфа маж“, тој суштински не гледа зошто би менувал нешто. Кога би го изгубил она што го прави неговиот живот лесен, тогаш би ја сфатил изреката која вели: големи деца=мали мажи“. Со други зборови, сите оние кои од себе прават најголеми фраери во градот и го промовираат својот успех и статус, најверојатно го немаат ниту едното, ниту другото, туку уживаат во претставата за себеси. Недостигот на независност продолжува и откако ќе се иселат од дома и кога почнуваат да живеат со цимер или девојка. Ситуацијата во која тој живее сам е вонредна вест во 21 век.

Со овој текст не се обидувам да обвинам некого или да го истерам синот од домот на своите родители, но за промена би сакала да престанат да глумат независни кога не се. Работата е многу јасна. Независен маж си кога живееш во својот стан, од свои пари и кога знаеш да се грижиш сам за себе и подолго од 24 часа. Во спротивно јасно е дека си навикнат некој да се грижи за тебе, дури и кога нема причина за тоа. Проблемите не постојат додека самиот не почнеш да се соочуваш со нив. Се дотогаш, ти си дете кое чека родителите да направат се наместо него и тие да му ги решаваат проблемите.

Извор: skopjeinfo.mk

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This