April 25, 2024, 12:23 am

Модерни дефиниции

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Го надополнуваме фондот на евергрини со уште неколку интересни модерни дефиниции.

Што е канцеларија? Тоа е место каде што можете да се опуштите после стресниот период поминат дома.

1. Училиштe
– Место каде што родителите плаќаат за децата да си играат.
2. Животно осигурување
– Договор кој те осиромашува цел живот, за да можеш да умреш богат.

3. Медицинска сестра
– Личноста која ќе те разбуди за да ти даде апчиња за заспивање.

4. Брак
– Тоа преставува договор помеѓу маж кој ја губи својата факултетска диплома и жена која добива магистерска диплома.

5. Развод
– Идно време од Брак.

6. Солзи
– Хидраулична сила од која машката сила на волјата е потчинета од женската сила на волјата.

7. Предавање
– Уметност на пренесување информации од белешките на Предавачот до белешките на студентите без продирање низ „мозоците на ниту едните“.

8. Конференција
– Конфузијата на еден човек помножена со бројот на присутни.

9. Компромис
– Способноста за сечење торта при што секој верува дека го добил најголемото парче.

10. Криминалец
– Личност која не е поразлична од другите, освен што го/ја фатиле!

11. Директор
– Некој кој подранува кога вие доцните, а доцни кога вие подранувате.

12. Насмевка
– Крива моја може да исправи многу работи.

13. Канцеларија
– Место каде што можете да се опуштите после стресниот период поминат дома.

14. Искуство
– Име кое луѓето им го даваат на своите грешки.

15. Филозоф
– Будала кој се мачи целиот живот за да биде мудар откако ќе умре.

16. Зевање
– Eдинствената шанса оженет човек да отвори уста.

17. Итн.
– Потреба да оставите впечаток дека знаете повеќе отколку што кажувате.

18. Татко
– Банкар даден од природата.

19. Атомска бомба
– Иновација која ќе ги уништи сите останати иновации.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This