МОДРИЌ: Ќе беше подобро да игравме против „старата“ Англија

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Најголемата ѕвезда во хрватскиот фудбалски состав, лидерот на тимот, Лука Модриќ во пресрет на полуфиналната пресметка, вечерва во Москва, вели дека би било подобро за „коцкестите“ да се соочеа со Англија од минатото.

„Изгледаат многу силно како тим. Не знам дали се работи за нов менталитет, но сега многу повеќе личат на екипа. Имаат заедништво кое е многу важно за да се има успех“ – вели Модриќ.

Лука Модриќ беше дел од Премиер-лигата. За Тотенхем потпиша во 2008, летото кога англискиот фудбал апстинираше од големите натпреварувања. Тој беше соиграч со Кајл Вокер и со Дени Роуз. Во 2012 година замина во Реал Мадрид, но вели добро ги памети и „бебешките чекори“ во професионалниот фудбал на првиот стрелец во англискиот состав, Хари Кејн.

„Англија не се мачеше како ние. Имаме помалку денови за рехабилитација до полуфиналето. Но, сепак, ова е полуфинале на Светско првенство. Ќе најдеме екстра мотивација, ќе мора да имаме екстра од се“ – смета Модриќ.

Победникот од полуфиналната пресметка меѓу Англија и Хрватска ќе оди во финална битка со Франција в недела, додека поразениот ќе се соочи со Белгија во мечот за бронзата закажан за в сабота.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This