МОЕТО ДЕЛУВАЊЕ Е ВО СКЛАД СО ИСТОРИСКОТО ВМРО: Кој ќе рече поинаку не прочитал ништо од историја!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Екс премиерот Никола Груевски во ексклузивното интервју за Инфомакс ги коментираше обвинувањата дека неговото бегство не е во склад со идеалите на историското ВМРО. Тој истакна дека кој вели така не прочитал ништо од историја, бидејќи историските дејци на ВМРО секој пат кога нивниот живот бил загрозен ја напуштале државата, да го консолидираат силите за да потоа се вратат и ја продолжат борбата за Македонија.

Тоа може да го каже само некој што не прочитал ништо од историја. Обратно е секогаш кога животите им биле во опасност, привремено се повлекувале на некое место. Ќе одморат ќе се подготват, пак ќе се вратат да ја продолжат борбата. Најчесто место каде што тогаш се повлекувале било ви Пиринска Македонија, односно во денешна Бугарија, Таму било најблиското засолниште. Многу дејци на ВМРО во кризни ситуации, во тешки ситуации го правеле тоа. Тргнувајќи од Тодор Александров кој што практично голем дел од времето го минува таму откако ќе излезе од леганиот живот. Прави упади во Вардарска Македонија, повремено и пак се враќа. Тој постојано прави упади, тој е теренец.  Не е човек кој само седи и дава команди. Заедно со неговите комити, влегува во акции итн. , но засолнет е најчесто во Пиринска Македонија или некогаш и во Софија каде што му било и семејството. Некогаш и низ други места во Европа одел или да речеме Петар Чаулев кој што е во Милано одреден период. Или да речеме Чакаларов кој што е еден период, година, година и половина не знам точно колку беше престојува во Бугарија ќе се одмори, ќе се засолни, ќе се заштити, па пак ќе се врати на бojното поле. Тодор Паница заминува во Виена, Борис Сарафов е постојано во различни градови што заради работа, што заради засолнување. Работа во смисла на неговата револуционерна дејност.

https://www.facebook.com/iNFOMAX.mk/videos/2176720795683612/

Нормално е некој да замине за да не биде лиkвидиpaн, вели тој, за потоа да се врати и да ја продолжи борбата!

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This