„МОЕТО МОМЧЕ Е ПOCТАРО ОД МЕНЕ И НА СИТЕ ИМ КАЖУВАМ ДЕКА МИ Е ДЕДО“: Млада девојка е во врска со 45 години пocтар маж

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Австралијанецот Нев Мекдермод стоел на автобуската станица кога 28 годишната Рејчел Робертс му понудила превоз. Таа не ни претчувствувала дека љубезниот чин ќе прерасне во љубовна приказна, иако „прилично згодниот“ пензионер бил 45 години постар од неа.

Иако нивната врска е постојан предмет на озборувања и луѓето ја нарекуваат спонзоруша, но Рејчел не ја интересираат гласините. Таа тврди дека никогаш не била посреќна и дека сака се во врска со нејзиниот избраник.

Парот сега е верен и се надева дека наскоро ќе станат родители.

– Нев живееше во моја близина. Знаеше дека неодамна останав без татко и ми понуди мене и на мојата мајка помош. Откако месец дена ги поминавме заедно, сфатив дека не можам повеќе без него, раскажа Рејчел.

Неколку дена подоцна го прашала Нев да се всели кај неа и од тогаш не се одвојуваат. Но подоцна започнале да кружат гласини за нивната врска.

– Луѓето зборуваа дека сум спонзоруша, иако Нев има само инвалидска пензија. Не обрнуваме внимание. Кога ќе забележиме дека луѓето чудно гледаат, Нев ќе се пошегува и ќе каже: „Дојди внуко, да те бакнам“, додаде таа.

Таа се надева дека ќе забремени што поскоро, бидејќи е свесна дека поради неговите години „немаат цел живот на располагање“.

– Кога би забременила би била надвор од себе од среќа. Нев сега има 73 години и брзаме да се венчаме што поскоро. Иако нема да поминеме многу време заедно, поважен ни е квалитетот отколку квантитетот – заклучи Рејчел.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This