МОЖАТ ЛИ ГУШТЕРИ И КАМЕЛЕОНИ ДА БИДАТ ТАЈНИ АГЕНТИ: Иран обвинува дека Западот со гуштери и камелеони ги шпионира нуклеарните капацитети!

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Бившиот началник на Генералштабот на вооружените сили, а сега виш воен советник на врховниот лидер на Иран Хасан Фирузабади, изјави дека „западните шпиони“ користат рептили кои „реагираат на нуклеарно зрачење“ со цел шпионирање на иранската нуклеарна програма

Овој коментар следеше откако еден од уапсената група еколози Кавуз Сајед Имами изврши самоубиство во затвор.

„Пред неколку години, во Иран дошле хуманитарци кои собирале помош за Палестина. Маршитата по која оделе наводно собирајќи средства по градовите нам ни се чинеше сомнителна, бидејќи тргнаа дури и во пустината, носејќи со себе рептили. Дознавме дека кожата на овие животни е подложна на нуклеарно зрачење и дека сходно на тоа, овие животни можат да бидат показател дека во околината има одредени руди, како и евентуално атомски реактори. Со други зборови, овие хуманитарци всушност се бавеа со шпионажа и сакаа да дознаат каде се нашите рудници со ураниум и каде го развиваме нуклеарниот програм“, изјави Фирузабади.

Меѓутоа, можат ли навистина гуштери и камелеони да бидат „агенти“ на странските разузнавачки служби за да „шпионираат“ стратешки објекти во Иран? Владислав Старков, научен соработник на инститотот за биоорганска хемија на Руската академија на науките, смета дека гуштерите и камелеоните не би издржале долго во Иран.

„Гуштерите и камелеони не би издржале долго во Иран. Овие ладнокрвни рептили бараат топли места за живот, камелеоните на пример, живеат во јужниот дел на Оман. Тие не би преживеале во ладните рудници за ураниум“, објаснува Старков.

Од друга страна, соговорникот вели дека овие рептили тешко можат да бидат показател за зголемена радиоактивност, бијдеќи ја поднесуваат многу подобро во поголеми дози отколку цицачите генерално и конкретно луѓето.

„Сепак, гуштерите и камелеоните би морале на себе да носат некакви предаватели или други уреди. Само по себе, нивното присуство ништо не говори. Тие се многу поотпорни на радијација. Од друга страна, да се чувствителни, па на пример да угинат во голем број, тогаш би било показател на зголемена радијација. Што значи, тие би биле показател само ако на себе имаат предавател, но таков уред може да се постави на било кое друго животно. Можеби пред се на некое животно кое инаку живее во рударските окна и ладните пештери“, објаснува Старков.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This