МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОЧЕСНО И ПОМАКЕДОНСКИ

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Во политиката и во животот, храброста и глупавоста не се добродојдени… Политичарот со овие карактерни особини е губитна комбинација. Во политиката нема емоции туку интереси. Во политиката нема вечни пријатели, нема вечни непријатели, има само вечни интереси, тие го движат светот и животот! За жал, во Македонија имаме клептомани, манипулатори, храбро глупави, но за свои лични интереси и побуди.

Велат, една минута што носи 100 години не носат. На 17 јуни 2018 година во Нивице, таа минута однесе столетија, милениуми на една цела цивилизација… Двоецот Заев-Димитров ќе останат вечно запишани во историските читанки, ставени на столбот на срамот, затоа што за една минута избришаа цел еден народ Македонски! Да беа Македонци, така немаше да сторат. Но, кај има пород има и изрод и одрод. Тоа беа “дверите“, истите тие на Бошко Обрадовиќ, внукот на Љотиќевците кои беа колаборационисти на хитлеровата коалиција, кои му нанесоа голема штета на Српскиот народ. Да, двери беа концепт и на Заев, кој со СДСМ и неговата штрумфета Катица Јанева во злосторничко здружение, ја презедоа власта во Македонија, се разбира, со најнеприродната и нечесната коалиција ДУИ од кои сега бегаат како од ѓавол, бидејќи со БЕСА потпишаа братство! Имаа задача за промена на името на државата Македонија и идентитетот на Македонскиот народ!

Не е спорно, секој ја има таа пуста желба да седне на премиерското или претседателското столче. Но, секогаш постои едно но, тоа да биде чесно и заслужено, а не со туѓи пердуви и заслуги, затоа што на крајот секогаш менторот ја испорачува сметката, а таа најчесто е горка.

За Заев ништо не е нечесно, неправедно, или криминално. За Заев се’ е по “правилата на служба“ кои само за него важат. Заев заборава, или не знае, дека на пример, по “германски стандард“ значи пред се’ да, си ГЕРМАНЕЦ, до коска или до балчак. Таму нема “едно општество за сите“, како кај нас “едно општество за Али“, а друго општество за сите останати! Али си дојде по бесата од Женева – Албанец премир зошто да не?! Можеби затоа Заев отиде во нова коалиција со БЕСА, а што ним им ветил само Господ знае, набргу и тоа ќе излезе на бело видело!

Сепак Али му испорача на неговиот другар Заев од Влада, дека на 15 јули ќе ја изгуби насмевката од лице. Дали ова е закана или опомена, ќе покажат резултатите од крајот на денот среда.

Слоганот на СДСМ “можеме повеќе“, паѓа во вода, бидејќи народот додава “можевте и повеќе ама почесно и помакедински“: (1) Да го послушавте Нимиц, кој самиот изјави “никогаш не би преговарал за име и идентитет, за ерга омнес“, (2) Да не се истрчавте како прле пред магаре во прегратките на американскиот потпретседател Пенс, дека од прва ќе го реши името, (3) Да не им ветувавте на Албанците, дека засекогаш ќе им го озаконите барањето за двојазичност на државата Македонија како порака од Тирана, (4) Да го послушавте “Гласот на народот“ на референдумот од 30 септември 2018 година кој јасно и’ порача на “длабоката држава“, дека Македонците се народ со култура, историја и достоинство, дека нивната држава се вика МАКЕДОНИЈА без додавки и без придавки!

Но, Заев како Заев, ги испомешал глупавоста и храброста, за да си ги сочува задникот и душата. Не е далеку од крајот на Катица Јанева, да му се повтори приказната за злосторството и казната! Сведок ќе му биде неговиот Бојан 13 Јовановски, кој на крај сите ќе ги повлече во амбисот до пеколот, затоа што по делата друго место и не заслужуваат.

Коментирав и молев поради коронавирусот да се одложат изборите за догодина и да заседаваат пратениците кои од 18 март седат дома, ништо не работат и земат цела плата, тоа ќе го прават до верификацијата на мандатот на новоизбраните, а имаат право и за уште една година апанажа. Тие сега се исти ко кабинетот на министерот за политички систем и односи меѓу заедниците Садула Дураку, кој со кабинет од 5 на 5 метри располага со цели 1.800 службеници кои, исто така, седат дома и земат плата а ништо не работат, го чинат буџетот годишно 9,3 милиони евра! Поголем блам и срам за државата здравје. Ама, кој, пак, води сметка за неа…

За потсетување, за сето ова, електоратот беше предупреден од поранешниот премиер или како го нарекуваат политикантите на Заев, бегалецот, за изборите 2016, како што сега предупредува што ќе се случи Мицкоски по изборите 2020.

Дали инаетот, омразата или недоветноста кај Макединците, ќе ги доведе во прашање иднината и судбината на генерациите кои растат или кои допрва ќе дојдат, прашање е на Да се биде или Да не се биде! Зоран Заев и неговата тајфа можеа и повеќе и подостоинствено и похумано и пред се’ помакедонски, историски да исчекорат и ги надминат сите претходници. Да го заработат членството во НАТО и ЕУ, без да си го дадат сопствениот задник, името на државата Македонија и идинтитетот на Македонскиот народ. Не станува збор за дел од територија, туку за најсветото – името, идентитетот, јазикот, историјата, културата… Тоа велепредавство на државата и нацијата не го прават политичари со ум, интегритет и достоинство, туку оние кои ги немаат овие атрибиути.

Затоа, мои политичари од СДСМ, МОЖЕВТЕ ПОВЕЌЕ, ПОДОСТОИНСТВЕНО И ПОМАКЕДОНСКИ, МОЖЕВТЕ ДА НАПРАВИТЕ НЕШТО ИСТОРИСКО! ЗА ЖАЛ, ЗАВРШИВТЕ НА БУНИШТЕТО НА ИСТОРИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНСКИОТ НАРОД, ЗАВРШИВТЕ ВО ПЕКОЛОТ!

Конечно, жалам што и на овие избори се појавија партии трговец поединец, кои се со јасна цел, да си ги наполнат бисагите и товарат магарињата и ги сместат задниците во удобните фотељи на македонскиот парламент.

Затоа мој народе, победете ги нивните болни амбиции, бидејќи вие можете повеќе и помакедонски да и’ дадете најмногу на Македонија, а политикантите да ги испратите засекогаш, кој во неврат кој во политичка пензија…

Некои народи имаат три држави, вие Македонски народе останавте само со една и таа на дел од целата Македонија од каде што комшиите ве протераа! Затоа чувајте ја, да не ја изгубите засекогаш оваа што остана Македонија!

За крај и пораката: ИЗЛЕЗИ И ГЛАСАЈ! ОВА СЕ ИЗБОРИ ЗА МАКЕДОНИЈА, ЗА ЕДИНСТВЕНАТА ВАША ТАТКОВИНА И РОДИНА! ШАНСА ЗА ПОПРАВЕН НЕМА ДА ИМА! НЕКА ПОБЕДИ ОБНОВАТА НА МАКЕДОНИЈА

Пишува Слободан ТОМИЌ

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This